Кокосовото млеко е состојка за готвење со млечно бела боја и благ вкус, добиена од месото на зрел кокосов орев. Богатиот вкус и белата боја се должат на високата содржина на масло и шеќери. Во Малезија, Брунеи и Индонезија кокосовото млеко се нарекува сантан а на Филипините гата. Во Тајланд се нарекува га-ти (กะทิ) и се користи во многуте тајландски зачинети јадења. Во Бразил Бразил, се нарекува leite de coco (дословно, „кокосово млеко„). Кокосовото млеко не е исто што и кокосова вода (кокосов сок), која пак е природната течна содржина внатре во кокосовиот орев.

Кокосово млеко во сад.

Подготовка

уреди

Постојат два типа на кокосово млеко: густо и ретко (досл. тенко). Густото кокосово млеко се подготвува со директно гмечење на дробено кокосово месо низ газа (на пр. за цедење на сирење). За добивање на ретко кокосово млеко веќе гмеченото месо се натопува во топла вода и потоа наново се гмечи. Густото млеко се користи претежно за готвење десерти и богати, тнр. суви сосови. Реткото млеко се користи за супи и за готвење воопшто. На запад најчесто не се прави разлика помеѓу овие два типа на кокосово млеко со оглед на тоа дека кокосот се увезува, и повеќето корисници млекото го купуваат во конзерви. Произведувачите на кокосовото млеко во конзерви, обично ги комбинираат двата начина на цедење со додавање на вода како дополна.

Зависно од брендот и староста на самото млеко, при врвот на конзервата плута погуст слој и понекогаш се употребува при готвења во кои рецептата бара кокосов крем наместо кокосово млеко. Со протресување на конзервата пред отворањето можно е исто да се доведе млекото во кремаста состојба. Некои брендови продавани низ западните земји додаваат средство против згуснување за да го спречат одвојувањето на млекото додека е во конзерва, бидејќи потрошувачите кои немаат искуство со кокосовото млеко, одвоениот крем погрешно го сметаат како знак на расипување.

По отворањето на конзервата со кокосово млеко, истото мора да биде ставено во ладилник и треба да се потроши во наредните неколку дена. Во спротивно лесно скиснува и се расипува.

Кокосовото млеко може да се приготви и во домашни услови преку обработка на исецканото кокосово месо со жешка вода (на пр. со мелење во блендер) која помага да се издвои маслото и ароматичните состојки. Така приготвеното млеко содржи приближно 17% мрснотии. Тоа не е исто што и кокосова вода (објаснето погоре). Ако се одложи во ладилник, по некое време на врвот ќе се издвои кокосовиот крем од млекото.

Кокосовото млеко може да се користи за пиење одвоено, или како замена за млеко од животинско потекло во кафиња, чаеви итн. Може да се измеша со овочје како замена за овошен јогурт но и да се употребува при печењето на разни печива.

Готвење

уреди
 
Кокосовото млеко од конзерва делумно може да биде во цврста состојба која на одредена температура преоѓа во течна.

Кокосовото млеко е придружна состојка на бројни јадења од тропските кујни, особено кај оние од Југоисточна Азија (Бурманската, камбоџанската , филипинската, индонезијската, малезијската, сингапурската, тајлндската, бангладешката и индиската кујна, но и во бразилксата, карипската и полинезијската кујна).

Смрзнатото кокосово млеко подолго останува свежо.

Кокосовото млеко е основа на бројни тајландски зачинети јадења. При подготовка на тнр. кари сос, кокосовото млеко се вари на повисока температура за да се спои млекото и кремот, воедно овозможувајќи маслото да се издвои. Потоа се додава кари-паста како и други ароми, зеленчуци и украси.

Во Бразил се употребува претежно во кујните од северозападните делови на земјата, заедно со морска храна, како и за подготовка на десерти. Во делови на Бразил постојат неколку јадења кои се познати по тоа што користат и кокосово млеко и палмино масло.

Медицински својства

уреди

Во Ајурведа[1] кокосовото млеко се смета за мошне здраво. Некои луѓе сметаат дека кокосовото млеко може да се користи како лаксатив.[2] Исто така се користи и за лекување на афти во усната шуплина.[3] Во истражување врз стаорци, им беа давани два препарати засновани на кокос со цел проверка на неговиот заштитен ефект против чир на желудникот..[4] И двете супстанции овозможиле заштита против појавата на чир, при што кокосовото млеко овозможи 54% наспроти кокосовата вода од 39%.

Алкохол

уреди

На ренелскиот остров (дел од Соломонски Острови) се подготвува локално домашен алкохолен пијалак со ферментирање на кокосовото млеко, квасец и шеќер во канти кои се оставаат скриени во бушот околу недела дена. Овој кокосов рум е спомнат во песната Poppa Joe од музичкиот бенд The Sweet.

Слично на ова во Бразил, кокосовото млеко се меша со шеќер и Кашаса (cachaça - вид ликер од шеќерна трска) за да се подготви коктел наречен Батида де Коко (Batida de Côco).

Употреба во земјоделието

уреди

Во 1943, Јохан ван Овербеек открил дека кокосовото млеко активно го поттикнува растењето на растенијата. Подоцна беше откриено дека ова се должи на бројни фактори, пред сè поради присуството на цитокинин познат како зеатин. Сепак, кај некои растенија како на пр. р`доквите не влијае врз забрзувањето на нивниот раст.[5] Додавањето на 10% кокосово млеко на супстратите во кои житото расте, има покажано значителни подобрувања на придонесите.[6]

Пијалаци

уреди

Во јужна Кина и Тајван, засладеното кокосово млеко се послужува засебно како безалкохолен пијалак во текот на пролетта и летото. Се прави со додавање на шеќер и испарено или свежо млеко во текот на подготвувањето на кокосовото млеко.

Пијалаците при чија подготовка се користи кокосово млеко се:

Погледни исто така

уреди

Белешки

уреди
  1. http://www.mapi.com/en/newsletters/coconut_ayurveda.html
  2. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-06. Посетено на 2010-02-11.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-12-29. Посетено на 2010-02-11.
  4. Nneli RO, Woyike OA. (2008). Antiulcerogenic effects of coconut (Cocos nucifera)extract in rats. Phytother Res. 22:970-972.
  5. David W. S. Mok, Machteld C. Mok (1994). Cytokinins: Chemistry, Activity, and Function. CRC Press. стр. 8. ISBN 0849362520. (available from Google books)
  6. Y. P. S. Bajaj (1990). Wheat. Springer. ISBN 3540518096.

Надворешни врски

уреди