Капелн (Олденбург)
Капелн (службено: Капелн (Олденбург); германски: Cappeln (Oldenburg)) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри југоисточно од окружниот град Клопенбург.
Капелн | |
Поранешниот манастир Кристиненхоф во Швихтелер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Клопенбург |
Градоначалник | Маркус Бринкман (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 76,20 км2 |
Надм. височина | 46 м |
Население | 7.535 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 99 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CLP |
Пошт. бр. | 49692 |
Повик. бр. | 04478 |
Портал | www.cappeln.de |
Местоположба на Капелн во рамките на округот Клопенбург | |
Координати | 52°48′44″N 8°06′52″E / 52.81222° СГШ; 8.11444° ИГД |
Географија
уредиОпштински единици
уредиКон општината Капелн припаѓаат следниве општински единици (бројот на жители во загради, состојба 30 јуни 2019):[2]
|
|
Соседни општини
уредиСоседни општини се следниве (почнувајќи од север, надесно): Емштек, Фисбек, Бакум, градот Фехта, Есен, Ластруп, како и градот Клопенбург.
Историја
уредиВо 1159 година, Капелн се одвоил од соседното место Емштек, основајќи сопствена парохија. Името потекнува од зборот „капела“. Старата црква (подигната во 1150 г.) била срушена во 1900 година за да направи место за моменталната црква „Св. Петар и Павле“.
Од 1914 до 1965 година, Капелн бил поврзан со Клопенбург и Фехта.
Познати луѓе
уреди- Гинтер Драјер (1943-2019) — египтолог
Галерија
уреди-
Црквата во Зевелтен
-
Црквата во Елстен
-
Гут Шведе во Тенштет
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Gemeinde Cappeln. Zahlen und Daten zur Gemeinde. Архивирано на 30 ноември 2023 г. Abgerufen am 4. September 2020.