Клешта

(Пренасочено од Клешти)

Клештарачен алат што служи за фаќање, стегање, виткање или вадење.[1] Се состојат од два вкрстени метални дела (лостови) споени во стожер. Спојката е поблиску до едниот крај, и така образува „челуст“. Подолгиот дел служи како рачки. Ваквата поставеност дава механичка предност, зголемувајќи ја сила на зафатот и задржувајќи ја во едно место.

Разни клешти

Постојат многу видови клешти за поединечни намени. Некои се предвидени за сечење и извлекување, додека пак други се погодни за стегање и фаќање.

Историја уреди

 
Клешти од XV-XVI век

Ова орудие е мошне прост изум, и веројатно настанало независно на повеќе места. Го користеле ковачите и леарите неколку милениуми пред нашата ера. Почнаел да се изработуваат од бронза веројатно околу 3000 г. п.н.е.[2] Во античката митолгија, богот Хефест е претставен како ковач што користи клешти во работата.[3] Со развојот на технологијата се појавиле разни видови клешти: потковичарски, за жици, водоводџиски, електричарски, филигрански итн.

Изглед и материјали уреди

Основниот изглед на клештата се нема изменето уште од самите почетоци: две рачки, стожер (нитна) и глава со „челуст“ за стегање или сечење.

Денес клештите се изработуваат претежно од челик и легури со ванадиум или хром за да се зајакнат и да се спречи корозија. Рачките се облагаат со гума или пластика за добар фат и изолирани за заштита од струен удар. Челуста во голема мера се разликува по облик и големина, од мали шилести и тенки за фина електроника до најгломазни за стегање на големи цевки. Обично е назабена со црти за да нема пролизгување.

Посебен вид на клешти се клештите-секачи што служат исклучиво за пресекување на жици, тенки плочки, ламинат и др. Помали сечила редовно се среќаваат и кај мотоцанглите. Други наменски вид на клешта е соголувачот, кој е наменет за отстранување на изолација од жици.

Во јувелирскиот занает и изработката на музички инструменти, клештите се направени од помек материјал (алуминиум, месинг, пластика во челуста) за да не се општетува предметот.

Видови клешти уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. клештаДигитален речник на македонскиот јазик
  2. Bellis, Mary. Историја на занаетчискиот алат[мртва врска]. Inventors.About.com посет. 16 декември 2008 г
  3. Warre Cornish, Francis (1898). A Concise Dictionary of Greek and Roman Antiquities. London: Spottiswoode & Co. стр. 313.

Надворешни врски уреди