Ножици
Ножици — алат кој служи за сечење. Се состои од две метални острици споени на таков начин да рабовите се лизгаат еден од друг. Ножиците сечат хартија, картон, пластика, метални фолии, ткаенина, конци и жица, но и коса и храна. Ножиците се разликуваат по дејноста за која се наменети. Постојат ножици за деснарака, леварака и универзални.
Историја
уредиСе претпоставува дека ножиците се измислени во 1500. п.н.е. во Стар Египет.[1] Првите познати ножици се појавиле во Месопотамија пред 3.000 do 4.000 години. Тие биле од типот опружни ножици и се состоеле од две бронзени острици поврзани со тенка рачка, флексибилна лента од закривена бронза, која ги држела остриците во складна положба и овозможувала да се раздвојат откако дршките се притиснати со раката.
Во 1761 година во Лондон е отворена првата занаетчиска работилница за правење ножици, а во 1649 година е отворена компанијата под името „Фискарс“ која произведувала ножици. Марката „Фискарс“ постои и ден денес.
Наводи
уреди- ↑ -{Who Invented Scissors}-, Пристапено 8. 4. 2013.