Кица Барџиева-Колбе (Башино Село, Велешко, 1951) — македонска и германска писателка, преведувачка од германски и сликарка.

Кица Барџиева-Колбе
Роден(а)1951
Башино Село, Велешко, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
НационалностМакедонка
Занимањеписател и сликар

Животопис

уреди

Колбе е родена во велешкото село Башино Село во 1951 година во семејство на Македонци, бегалци од Егејска Македонија. Студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на тема естетиката на Теодор Адорно, докторската дисертација и била на тема на втемелувањето на естетиката како филозофска дисциплина во германската филозофија на XVIII век. Од 1976 до 1986 година работела како асистент, а подоцна и како доцент на Катедрата за естетика на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа била долгогодишен соработник во сите проекти на Естетската лабораторија, како и основач и уредник на филозофскиот магазин „Филозофија“. Кица Б. Колбе, од семејни причини, ја напуштила својата академска работа во Скопје во 1986 година и Македонија и се преселила во Германија, каде што живее со нејзиниот сопруг и возрасна ќерка во близина на Келн. Таа ги изложувала своите сликарски дела на изложби во Германија, Полска и Франција. Автор е на голем број написи од областа на филозофијата, естетиката, филмот и ликовната уметност и литература. Од Германски на Македонски јазик ги превела делата на Адорно, Кле, Кант, Хегел, Шелинг, Шопенхауер, Степан и Хајдегер. „Снегот во Казабланка“ (ТРИ, Скопје, 2005, Магор, Скопје, 2007) е нејзин прв роман. Колбе ја третира темата на егзилот на Балканот и во случај на биографијата на нејзиното семејство, предизвика посебен интерес во европските славистички, балканолошки и историографски кругови.[1] "Снегот во Казабланка" (ТРИ, Скопје, 2005) бил нејзин прв роман. Живее и твори во Германија.

Творештво[2]

уреди

Наводи

уреди
  1. Kica Kolbe Ägäier - Wespennest Zeitschrift
  2. „Промоцијата на романот „Земја на бегалци" од Кица Колбе“. Макфакс. 12 мај 2018. Посетено на 25 јуни 2020.