Снегот во Казабланка
Снегот во Казабланка – македонска книга, роман напишани од Кица Колбе. Книгата е издадена во 2005 година од издавачката куќа Три, а во 2007 година се појавува и второто издание од издавачкото претпријатие Магор и е прогласена за роман на годината, 2006[1][2].
Автор | Кица Колбе |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издавач | Три (прво издание), Магор (второ издание) |
Издадена | 2005, 2007 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 352 |
ISBN | 9989183104, 9789989183102 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN. |
Содржина
уреди„Снегот во Казабланка“ - ова е роман-хроника, роман-повест за една бегалска фамилија во Македонија на почетокот на педесеттите години на 20 век, која може да биде парадигматска за темата на бегалството, воопшто. Клучна е идејата за тоа колку долго војната и по бегството невидливо се одигрува во бегалските фамилии. Таа војна по војната, или траума на траумата по бегството, трае долго откако војните завршиле и сите ги заборавиле, ама не и членовите на бегалските фамилии. Централна тема е разорната сила на војната и бегството, која не ги остава на мир оние кои „се спасиле“, но напуштиле и изгубиле сè, затоа што останале трауматизирани, со чувство на вина, со постојан страв, со чувство на неприпадност. За овие, во светската литература толку актуелни теми, многу малку е пишувано во македонската книжевност. Сугестивната нарација во романот Земја на бегалци е напишана од гледна точка на децата, со посебен акцент на психологијата на траумите, чувствата, стравовите и надежите. Во романот е тематизиран животот во бегалско гето, траумата на директно погодените членови во фамилијата за која се раскажува по загубата на татковината и домот, но и на оние родените по бегството, затоа што авторката многу добро знае дека многу нешта се откриваат и од визурата на децата на бегалците. Со еден збор, се работи за една тема , стара колку и историјата на војните, а можеби никогаш толку актуелна како денес.
„Снегот во Казабланка“ е роман со длабински поглед во интимата, но и со критичка отвореност кон светот. Реален и имагинарен, мозаик од сеќавања и очекувања. Романот на Кица Колбе е уште едно сведоштво за судбината на македонската бежанка која својата прокоба ја изразува преку творештвото[3].
Наводи
уреди- ↑ „Промоцијата на романот „Земја на бегалци" од Кица Колбе“. Макфакс. 12 мај 2018. Посетено на 25 јуни 2020.
- ↑ „Снегот во Казабланка“ - Роман на годината за 2006
- ↑ „„Снегот во Казабланка"“. Архивирано од изворникот на 2019-10-28. Посетено на 2020-05-24.