Киријак Држилович

Киријак Држилович (Неделко Држиловски; почеток на 19 век во Држилово, Негушко — околу 1877 година во Солун) ― печатар и деец.[1]

Насловна страна од Кониковското евангелие
Четврта страница од Кониковското евангелие

Животопис

уреди

Учествувал во грчкото национално ослободително движење од 1821 до 1829 година. По ослободувањето на Грција од османлиското владеење, извесно време живеел и работел во Атина. Кон средината на 19 век, дошол во Солун. Иако таму отворил грчка печатница, во неа главно печател словенски книги со кирилични букви. Кон печатницата наскоро отворил и книжарница, каде што претежно ги пласирал книгите отпечатени во неговата печатница.[1] Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печател во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ (Кониковско евангелие) од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852).[2]

Бил во блиски односи со Партенија Зографски, Димитар Миладинов, Стефан Верковиќ, Венијамин Мачуковски, Димитар Македонски, соработувал со Георги Раковски и со неговиот весник „Дунавски лебед“. Исто така се грижел и за распростанувањето на цариградскиот весник „Македонија“ во Солун и околината,[2] на ениџе-вардарски дијалект.[3]

Двојазичната печатница работела до 1860 година, кога по наговор од грчките првенци во Солун и од воденскиот митрополит, била затворена од солунскиот валија Хусни-паша. Учествувал во преордбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето на солунската црковно-училишна општина. Тој е помал брат на Константин Држилович.[1]

Родословие

уреди
Динка
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Киријак Држилович
(? — 1877)
Константин Држилович
(? — 1890)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ѓорѓи Динков
(1839 — 1876)
Славка Динкова
(1848 — 1869)
 
 
Димитриос Динкас
(1876 — 1874)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 167. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 494. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  3. „Првите македонски печатници“. Македонски јазик и литература. 2010-03-16.

Надворешни врски

уреди