Кипарска православна црква
Кипарска православна црква (грчки: Ορθόδοξη Εκκλησία της Κύπρου, турски: Kıbrıs Kilisesi) — автокефална црква, и во православниот свет се наоѓа на десеттото место. Има ранг на архиепископија.
Кипарска православна црква Ορθόδοξη Εκκλησία της Κύπρου | |
Грбот на Црквата на Кипар | |
Основач | Апостол Варнава |
Независност | 431 |
Признавање | 478 |
Поглавар | Архиепископ на Кипар Хризостом II |
Седиште | Никозија, Кипар |
Територија | Кипар |
Власт | — |
Јазик | грчки |
Верници | 700,000[1] |
Портал | http://www.churchofcyprus.org.cy/ |
Историја
уредиСпоред преданијата, христијанството во Кипар прв го проповедал апостол Варнава во 45 година. Во 45 година, апостолите Павле и Варнава (според Католичката енциклопедија, тој е роден на островот) отишле на Кипар и стигнале до Пафос проповедајќи го Словото на Христа. Варнава се вратил на островот по римските прогони, каде што станал епископ задолжен за ширењето на христијанството на островот. Во времето на царот Зинон, кога бил одржан Халкидонскиот Собор, според христијанските верувања, апостолот му се јавил на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објавил својот гроб. По јавувањето и откривањето на моштите на апостол Варнава била основана Кипарската Црква, како апостолска, односно денешната автокефална црква.
Во почетокот, црквата била под управа на Антиохиската црква. Во 431 година станала автокефална црква. Во 6 век земјата била зазедена од Арапите, и ослободена во 965 година. Таа се има здобиено со автокефалност и истата е признаена од страна на Вселенскиот Патријарх во Цариград, задржувајќи ја комплетната административна автономија на својот архиепископ. Големиот раскол, која довела до поделба на црквата на Католичка и Православна, имала големи последици за Кипарската црква. Во времето кога земјата била под контрола на Венецијанската Република, црвата била под големо влијание на Папата. По заземањето на островот од страна на Османлиите, црквата имала своја автономија и право на религиозен обред. По основањето на државата, архиепископот Макариос III бил избран за претседател на републиката и на таа позиција се задржал до неговата смрт во 1977 година. Негов наследник бил Кристостомос, кој управувал до 2006 година.
Со Турската инвазија на островот од 20 јули 1974 година, 35% од островот станал турски, а голем дел од христијанското население го напуштиле тој дел од островот. На окупираниот дел од островот биле срушени неколку христијански објекти и споменици, а голем дел од истите биле претворени во џамии.
Денеска Кипарската црква се состои од една архиепископија и пет митрополии. Тие опфаќаат повеќе од 500 храмови и 9 манастири. Поглавар на црквата од 2006 година е Хризостом II.