Кеплер-40, KOI-428 — ѕвезда од спектрален тип F во соѕвездието Лебед. За Кеплер-40 е познато дека е матична ѕвезда на една планета, Кеплер-40b. Ѕвездата е приближно 1,5 пати помасивна од Сонцето, ие двапати поголема; во тој период таа беше најголемата ѕвезда која има планета која минува пред матичната ѕвезда.[2] Кеплер-40 беше првпат забележана како матична ѕвезда на планета во премин од страна на вселенското летало Кеплер; податоците од системот се достапни за јавноста. екипа од француски и швајцарски научници користеле дополнител ни податоци за да го утврдат постоењето на планетата Кеплер-40b, којае всушност жежок Јупитер, и подоцна на 4 јануари 2011 година ги објавиле своите резултати во научните списанија.

Кеплер-40
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 47м &1000000000015287500000015,2875с[1]
Деклинација +47° 31′ &1000000000003566500000035,665″[1]
Прив. величина (V) 14,58 (± 0,02)[2]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −1,536 ± 0,044[1] млс/г
Дек.: −6,761 ± 0,041[1] млс/г
Паралакса (π)0.4051 ± 0.0229[1] млс
Оддалеченост8.100 ± 500 сг
(2.500 ± 100 пс)
Податоци
Маса1,48 (±0,06)[2] M
Полупречник2,13 (± 0,06)[2] R
Температура6.510 (± 100)[2] K
Металичност0,10 +0,15
−0,10
[2]
Старост2,8 (± 0,3) Гг.
Други ознаки
KIC 10418224, 2MASS 19471528+4731357, KOI-428
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Историја на набљудување

уреди

Кеплер-40 беше цел на вселенското летало Кеплер, мисија на НАСА со цел за потрага на планети во премин,пред, матичните ѕвезди. На ѕвездата и беше доделена ознаката занимливо Кеплерово тело (KOI) во текот на првите 33,5 денови на работа, што траеле од средината на мај до средината на јуни 2009 година, поради можноста за постоење на планета во премин. Податоците собрани од Кеплеровиот фотометар беа достапни за јавноста, вклучувајќи ги тука и податоците за Кеплер-40 и нејзините потенцијални придружници.[2]

Податоците за Кеплер-40 биле разгледувани од екипа на француски и швајцарски астрономи, кои првично биле во потрага по грешно позитивните резултати. Откако се отстранети сите грешно позитивни резултати, научниците го искористиле SOPHIE при опсерваторијата Горна Прованса во јужна Франција за да соберат податоци за радијалната брзина на ѕвездата. Добиените податоци биле подоцна проверени за да се види дали се преклопуваат со близу орбитирачка двојна ѕвезда или пак планета; се забележало дека станува збор за планета, со што се потврдило постоењето на Кеплер-40b.[2]

По потврдувањето на Кеплер-40b, француско-швајцарската научна екипа работела на разјаснување на ѕвездените параметри на ѕвездата анализирајќи го ѕвездениот спектар добиен од набљудувањата на SOPHIE. Кеплер-40 е шестата ѕвезда која има полупречник за 1,8 пати поголем од оној на Сонцето.[2] Во перииодот на откритието, Кеплер-40 беше најразвиената ѕвезда која поседува планета во премин.[2]

Кеплер-40 и нејзината планета биле објавени во списанието Астрономија и астрофизика на 4 јануари 2011 година, откако биле понудени за објава на 15 септември 2010 година.[2]

Особености

уреди

Кеплер-40 е ѕвезда од спектрален тип F[2] која е со маса 1,48 пати од масата на Сонцето и 2,13 пати од полупречникот на Сонцето. Ѕвездата има делотворна температура од 6.510 K, со што е пожешка од Сонцето. Нејзината металичност, [Fe/H] = 0,10 што значи дека Кеплер-40 има 1,26 пати повеќе железо отколку што Сонцето содржи.[3]

Кеплер-40 во периодот на откритието, најголемата и најразвиената позната ѕвезда околу која има планета во премин. Таа е шестата позната ѕвезда со полупречник 1,8 пати од оној на Сонцето, и околу која има планета, по ѕвездите како Кеплер-5 и Кеплер-7.[2]

Кеплер-40 се наоѓа на растојание од 2500 парсеци (8.100 светлосни години) од Земјата,[1] подалеку од која и да е ѕвезда (со познато растојание) со вонсончева планета забележана од мисијата Кеплер. Со привидна величина од 14,58, е најтемната ѕвезда која е цел на мисијата Кеплер. Поради малата привидна величина, Кеплер-40 не може да се забележи со човеково око.[3]

Планетарен систем

уреди

Кеплер-40b е првата (и единствената) планета досега откриена во орбита околу Kepler-40. Има 2,2 пати поголема маса од масата на Јупитер, што е грубо еднакво на масата на 700 Земји.[3] Планетат исто така има полупречник 1,17 пати поголем од полупречникот на Јупитер и густина од 1,68 grams/cm3. Кеплер-40b има рамнотежна температура од 1620 K, околу шест пати поголема рамнотежна температура од онаа на Земјата. Прави една орбита околу матичната ѕвезда на секои 6,87 денови на растојание од 0,081 ае.[3]

Планетарен систем Кеплер-40[3]
Придружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(денови)
Занесеност Наклон Полупречник
b 2,2 MJ 0,081 6,87 (0)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 Vizier catalog entry
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 Santerne, A.; Díaz, R.F. (2011). „SOPHIE velocimetry of Kepler transit candidates“. Astronomy and Astrophysics. European Southern Observatory. arXiv:1101.0196. Bibcode:2011A&A...528A..63S. doi:10.1051/0004-6361/201015764. (PDF file may load slowly for some computers)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Summary Table of Kepler Discoveries“. NASA. 2 May 2011. Архивирано од изворникот на 2017-04-01. Посетено на 3 May 2011.