Кемниц (округ)
Кемницер Ланд (германски: Chemnitzer Land) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) округот Митвајда, градот Кемниц, окрузите Штолберг и Цвикау и покраината Тирингија (округ Алтенбург).
Кемниц Landkreis Chemnitzer Land | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Глаухау |
Површина | |
• Вкупна | 336 км2 (130 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 139,800 |
• Густина | 420/км2 (1,100/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | GC |
Мреж. место | landkreis-chemnitzer-land.de |
Историја
уредиИсторијата на областа главно е под влијание на соседните градови Кемници Цвикау. Во средниот век, градот Глаухау, главен град на поранешниот округ, бил центар на земјата Шенбург-Глаухау. Владата на Источна Германија се обидела да го претвори регионот во огромен индустриски комплекс, што е причина за густината на население.
Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Глаухау и Хоенштајн-Ернстал. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикау, Кемниц и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.
Географија
уредиНекогаш густо пошумена област, Кемниц сега е високоурбанизиран регион со само неколку зелени области. Реката Цвикауер Мулде тече низ северниот дел на округот.
Грб
уредиЛавот е хералдички лав на Саксонија. Црвената и белата лента се преземени од грбот на грофовите на Шенбург-Глаухау. |
Градови и општини
уредиГрадови | Општини |
---|---|
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 8 февруари 2008 г. (германски)