Хоенштајн-Ернстал

Хоенштајн-Ернстал (германски: Hohenstein-Ernstthal) — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градовите Хоенштајн и Ернстал биле обединети во 1898 година и градот е познат под ова име или едноставно нарекуван само Хоенштајн.

Хоенштајн-Ернстал
Поглед на Хоенштајн-Ернстал
Поглед на Хоенштајн-Ернстал
Поглед на Хоенштајн-Ернстал
Грб на Хоенштајн-Ернстал
Хоенштајн-Ернстал во рамките на Германија
Хоенштајн-Ернстал
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Цвикау
Градоначалник Ерих Хомилиус
Основни податоци
Површина 18,33 км2
Надм. височина 355 м
Население 14.092 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 769 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. Z
Пошт. бр. 09337
Повик. бр. 03723
Портал www.hohenstein-ernstthal.de
Местоположба на градот Хоенштајн-Ернстал во рамките на округот Цвикау
Карта
Карта
Координати 50°48′N 12°43′E / 50.800° СГШ; 12.717° ИГД / 50.800; 12.717

Градот се зголемил во XV век по пронаоѓањето на среброто и отворањето на рудниците. Ернстал бил именуван во чест на Август Ернст фон Шенбург.

Физичарот Готхилф Хајнрих фон Шуберт и пронаоѓачот Кристоф Готлиб Шретер биле родени во Хоенштајн. Писателот Карл Мај е роден во Ернстал. Неговата родна куќа сега е музеј.

Исто така, познат е и по тркачката патека Заксенринг.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди