Карпински вулкан
Карпински вулкан (руски: Вулкан Карпинского) — активен стратовулкан, кој претставува група сплотени вулкански конуси во северните Курилски Острови, во областа Сахалин во Русија. Тој е најјужниот дел од серијата вулкани на островот Парамушир и е дел од Карпинскиот гребен[1]. Околу 80 километри од него е изграден градот Северо-Курилск[2]. Вулканот е именуван по Александар Карпински, руски геолог, претседател на Руската академија на науките[2].
Карпински вулкан | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1,345 м |
Координати | 50°08′N 155°22′E / 50.13° СГШ; 155.37° ИГД |
Географија | |
Место | Парамушир, Курилски Острови, Русија |
Геологија | |
Вид | вулкански конус |
Последен избув | ноември 1952 |
Опис
уредиВисината на вулканот е 1345 метри, а основата е 15 километри. Се состои од два, речиси сплотени вулкански конуси со еден кратер. Вулканот има голема купа со пречник од 5 километри и длабочина од околу 700 метри[1][3]. На внатрешната страна на источната падина, на надморска висина од 1100 - 1200 метри се наоѓа мар, плиток експлозивен кратер со стрмни ѕидови, опкружен од тефра.[2][4]. Се одликува со бројни, интензивно активни солфатари[5].
На надворешната страна од источниот падина на купата, на височина 1200 метри се наоѓаат два големи конуси, формирани во доцниот плеистоцен или почетокот на холоценот[4][5]. На првиот има активен кратер со фумароли и внатрешен конус во форма на потковица. Тој исто така пројавува солфатарна активност, во процесот на кој се формираат фонтани од течен сулфур со висина до 2 метри. И температура до 80 °C. Тие формираат сулфурни конуси до висина до 5 метри. Нејзините падини се пресечени од античките ледници и циркони. На падините на вториот конус течат потоци од андезитска и базалтска лава[5].
Вулканот е составен од андезитски и базалтски материјал. Според истражувачите, формирањето на вулканот било завршено во доцниот плеистоцен и почетокот на холоценот[2].
Вулканот денес
уредиЕдинствената позната ерупција на вулканот се случила на 5 ноември 1952 година[4]. Ерупцијата се случила во форма на слаби, поединечни експлозии. Активности на вулканот биле забележани и во 1846, 1953, 1973 и 2004 година[2]. Денес се забележува фумалорна и топлинска активност во кратерите и падините[1].
Во случај на силна ерупција, потенцијална опасност претставува главно лавините потоци и евентуалната вулканска пепел. Во овој случај, градот Северо-Курилск би бил во ризична состојба во дијамета од 80 километри.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 SVERT (Сахалинская группа реагирования на вулканические извержения)/Активные вулканы Курильских островов – Краткое описание Архивирано на 4 јули 2009 г.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Вулканы мира Архивирано на 20 ноември 2017 г.
- ↑ Geoman/Карпинского вулкан
- ↑ 4,0 4,1 4,2 KVERT (Камчатская группа реагирование на вулканические извержения)/Активные вулканы Камчатки и Северных Курил/Вулкан Карпинского
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Энциклопедия Знание/Карпинского вулкан