Отвори го главното мени

Карим Лариби (роден на 20 април 1991) е туниски фудбалер роден во Италија, играч од средниот ред на Чезена и на туниската репрезентација.

Тунис Карим Лариби
Лични податоци
Роден на 20 април 1991 (1991-04-20) (28 г.)
Роден во Милано, Италија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Чезена Чезена
Број 5
Младинска кариера
Интер Интер
Фулам Фулам
Палермо Палермо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2011Фоџа Фоџа 28 (4)
2011-2016 Сасуоло Сасуоло 37 (1)
2014Латина Латина 10 (2)
2014-2015Болоња Болоња 38 (8)
2016- Чезена Чезена 61 (8)
Репрезентација
2010-2011 Италија Италија 20 4 (1)
2017- Тунис Тунис 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Технички карактеристикиУреди

Игра по левата страна во средниот ред со многу офанзивни карактеристики.[1]

КариераУреди

Тој бил дел од младинската школа на Интер (како и неговиот постар брат Омар)[2] а, подоцна и на Фулам и Палермо, откако вториот клуб го купува на 19 август 2009 година. По една сезона во Примавера тимот на Палермо, во 2010 година бил преотстапен на позајмица со право на откуп во Фоџа во Лега Про Прима Дивизионе,[3], каде одиграл одлична сезона[4] 28 натпревари и 4 гола под водство на Зденек Земан.

На 1 јули 2011 година отишол во Сасуоло на позајмица со право на откуп,[5] и настапил на 7 натпревари, постигнувајќи еден гол во Серија Б. Во летото 2012 година е откупен од неровердите.[6]

На 18 мај 2013 година, со девет настапи придонесол за освојувањето на титулата во Серија Б и промоција во Серија А следната сезона со тимот предводен од Еузебио Ди Франческо. Следната сезона го направил своеото деби во Серија А во првото коло од сезоната, во натпреварот на гости против Торино кој неговиот тим го загубил со 2-0; Лариби влегол во игра како замена на местото на Франческо Мањанели во 79-тата минута.

На 8 јануари 2014 отишол на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп во Латина.[7] Во 41-вото коло го постигнал својот прв гол во оваа сезона, благодарение на двата гола во натпреварот Чезена-Латина (1-3). Во вториот натпревар од плеј-офите на Серија Б погодил во мрежата на Бари на домашен терен за моментално водство од 2-1; конечниот резултат бил 2-2 со кој Латина се избориле за финале.

Тој се вратил во Сасуоло откако истекол заемот во Латина. На 23 јули 2014, отишол на позајмица во Болоња.[8]

Својот прв гол во дресот на рособлу го постигнал против Читадела, на 27 септември 2014 година.

ТитулиУреди

  СасуолоУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди