Карабичане

село во Општина Куманово
(Пренасочено од Карабичани)

Карабичане — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Карабичане
Карабичане во рамките на Македонија
Карабичане
Местоположба на Карабичане во Македонија
Карабичане на карта

Карта

Координати 42°13′44″N 21°44′29″E / 42.22889° СГШ; 21.74139° ИГД / 42.22889; 21.74139
Општина Куманово
Население 20 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17044
Надм. вис. 549 м
Карабичане на општинската карта

Атарот на Карабичане во рамките на општината
Карабичане на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948218—    
1953254+16.5%
1961324+27.6%
1971226−30.2%
1981138−38.9%
ГодинаНас.±%
199155−60.1%
199453−3.6%
200243−18.9%
202120−53.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Карабичане живееле 154 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карабичане имало 144 Македонци, патријаршисти.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 43 жители, од кои 37 Срби, 5 Македонци и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 13 Срби и 7 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 218
1953 8 245 ... 1 254
1961 8 ... ... 309 ... 7 324
1971 2 ... 224 ... 5 226
1981 13 123 ... 2 138
1991 1 54 ... 55
1994 2 51 ... 53
2002 5 37 1 43
2021 13 7 20

Родови

уреди

Карабичане е православно мешано село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Бојини (4 к.) доселени се од селото Никуљане. Го знаат следното родословие: Станко (жив на 72 г. во 1972 година) Димко-Јован, предокот кој се доселил; Црвенковци (7 к.) и Басмарци (5 к.) доселени се од селото Табановце. Во родот Црвенковци се знае следното родословие: Петар (Жив на 62 г. во 1972 година) Алексо-Стојко, основачот на родот. Родот Басмарци во Табановце припаѓал на родот Мушкини; Врањанци (6 к.) доселени се од селото Себрат кај Врање; Бубини (6 к.) доселени се од селото Проевце; Марушинци (5 к.) доселени се од селото Алгуња; Кечини (3 к.) доселени се од селото Думановце; Подкулајци (5 к.) и Дубоваци (2 к.) доселени се од селото Рамно; Милан (1 к.) доселен од селото Црна Река во Горна Пчиња.[8]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Постари иселеници има во Четирце (Делинци), Горно Коњаре (Миланови или Црвенкови), Проевце (Наскови), Младо Нагоричане (Карабичинци).

После Втората светска војна стапил посилен бран на иселување од селото.[8]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 217.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница..

Надворешни врски

уреди