Кандидијаза е габична инфекција предизвикана од кој и да било вид на Candida.[1]

Кандидијаза
Орална кандидијаза
СпецијалностИнфектологија
СимптомиБели дамки или вагинален исцедок, чешање
ПричинителиCandida (тип на габа)
Ризик-факториИмуносупресија (ХИВ/СИДА), дијабетес, кортикостероиди, терапија со антибиотици
ЛековиКлотримазол, нистатин, флуконазол
Честота6% од бебињата (орална) 75% од жените во некој период од животот (вагинална)
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Повеќе од 20 видови на Candida можат да предизвикаат инфекција, од кои габичката Candida albicans е најчестиот причинител.[1] Најголемиот дел од кандидите паразитираат на површината кожата, носот, хранопроводот и анусот. При опаѓање на отпорноста на организмот, авитаминоза, имунодефициенции, бременост, стрес, менопауза и нерационална употреба на антибиотици доаѓа до нивно размножување и настанување на патолошки промени, познати како кандидијаза.[2]
Инфекцијата предизвикана од кандида е најчеста кај женското население и кај дијабетичарите, а се проценува дека оваа инфекција е присутна кај 30% од светското население. Габичните инфекции може да бидат локални во усната шуплина, цревата и вагиналната слузница, но може да се прошират и низ целиот организам. На овие инфекции се поподложни дијабетичарите, зашто кандидата се храни со шеќери. Исто така, за време на менопаузата, телото на жената произведува малку естроген, што води до потенок вагинален ѕид, поради што габичките полесно се приспособуваат.[2]

Симптоми

уреди

При појава на инфекција на усната шуплина, вообичаено се појавува бела боја на кората на јазикот. Во случај на инфекција на цревата, најчести симптоми се дијареа, подуеност и повраќање. Кај вагиналната кандида се јавува пецкање, чешање и зголемен секрет.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Candidiasis“. cdc.gov. February 13, 2014. Посетено на 28 December 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Кандида“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 10.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори