Флуконазол

хемиско соединение

Флуконазолот е противгабичен лек кој се употребува во третманот на голем број на габични инфекции.[1] Тука спаѓаат кандидијаза, бластомикоза, кокцидиоидомикоза, криптококоза, хистоплазмоза, дерматофитоза, и питиријазис верзиколор.[1] Исто така се користи за превенција на кандидијаза кај лица кои имаат висок ризик за појава на истата, како пациенти после пресадување на органи, недоносени бебиња, и пациенти со намален број на неутрофили.[1] Се користи или преку уста или како интравенска инјекција.[1]

Флуконазол
Систематско (IUPAC)
2-(2,4-Difluorophenyl)-1,3-bis(1H-1,2,4-triazol-1-yl)propan-2-ol
Клинички податоци
Заштитени имињаДифлазон, Дифлуконазол, други
AHFS/Drugs.commonograph
MedlinePlusa690002
Licence dataUS FDA:врска
Бременосна
категорија
  • AU: D
  • US: C (low dose)
Начин на издавање
  • AU: S3 (само со аптекар) / S4
  • UK: POM (само на рецепт)
  • US: само
Начин на
примена
by mouth, IV, topical
Фармакокинетички податоци
Биорасположливост>90% (oral)
Врзување за белковините11–12%
Метаболизамliver 11%
Полувреме на елиминација30 hours (range 20-50 hours)
Екскрецијаkidney 61-88%
Назнака
CAS-број86386-73-4 Ок
ATC кодD01AC15 J02AC01
DrugBankDB00196 Ок
ChemSpider3248 Ок
UNII8VZV102JFY Ок
KEGGD00322 Ок
ChEBICHEBI:46081 Ок
ChEMBLCHEMBL106 Ок
Хемиски податоци
ФормулаC13H12F2N6O
Моларна маса306.271 g/mol
  (провери)

Во 2023, е седумдесет и седми најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 47.000 рецепти.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Fluconazole“. The American Society of Health-System Pharmacists. Архивирано од изворникот на 20 December 2016. Посетено на 8 December 2016.
  2. „Извештаи“. Е-здравство. Посетено на 2024-02-26.