Каменичка Река
Каменичка Река или Каменица[1] — река во источниот дел на Македонија и десна притока на Брегалница.
Каменичка Река | |
---|---|
Течението на реката низ Македонска Каменица | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Осоговски Планини (под врвот Руен) |
• надм. вис. | 1.840 м |
Устие | |
• место | Брегалница |
• координати | 41°59′00.8″N 22°35′18.7″E / 41.983556° СГШ; 22.588528° ИГД |
• надм. вис. | 445 м |
Должина | 23 км |
Големина на сливот | 115 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Географија
уредиТечение
уредиРеката извира на планината Осогово, под врвот Руен, на надморска височина од 1.840 м. Нејзиното течение продолжува покрај рудникот Саса, низ селото Саса, покрај селото Моштица и низ градот Македонска Каменица. Реката се влева во Брегалница на надморска височина од 445 м, преку вештачкото езеро Калиманци, каде што се образува мала делта.[2][3]
Хидрографија
уредиВкупната должина на реката изнесува 23 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 115 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.840 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 445 м, така што релативниот пад изнесува 60‰.[2]
Во водите на реката е потврдено присуството на голем број опасни и штетни хемиски елементи, како што се: алуминиум, цинк, кадмиум, кобалт, манган, никел, олово и железо. Средните количества на алуминиум, кобалт, никел и железо се под МДК за води со квалитет од I-II класа, средните количества на кадмиум, манган и олово се под МДК за води со квалитет од III-IV класа, а средното количество на цинк е со трипати повисока вредност од МДК за води со квалитет од III-IV класа.[4]
Геоморфологија
уредиСливното подрачје на Каменичка Река се смета за најерозивниот слив во Македонија со годишно производство на ерозивен материјал (нанос) од 151.167 W-м3. Како последица на ерозијата во сливот и преносот на ерозивниот материјал, во долниот тек на притоките се образувани огромни делувијални конуси од нанос,[5] а прекумерната ерозија исто така довела речното корито на Каменичка Река, слично како она на Радањска Река, да биде подигнато за 10-15 м.[6] Со цел да се задржи големиот нанос, во главното речно корито и притоките се изградени над 50 прегради.[7]
Флора и фауна
уредиВо тресетиштата околу изворите на реката е утврдено постоењето на неколку нови или ретки видови на дијатомејски алги од родот Евнотија.[8]
Стопанство
уредиРударство
уредиПокрај течението на реката е сместен рудникот „Саса“, а во долината на реката во тоа подрачје е сместено и истоименото јаловиште коешто е долго 1,5 км, широко 200 м и високо од 40-60 м.[9]
Енергетика
уредиВо близина на селото Саса, по течението на реката е изградена мала хидроелектрана со инсталирана моќност од 1.200 kW.[10]
Галерија
уреди-
Каменичка Река низ Македонска Каменица
-
Течението близу вливот на Моштичка Река
-
Долното течение на реката
-
Реката кај рудникот Саса
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 35. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ 2,0 2,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на река Брегалница" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 5. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 184. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 89. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ Милевски И. (2008). „Геоморфолошки одлики на плавините во сливот на Радањска Река“. Географски разгледи. кн. 42-43, Скопје, стр. 43-61.
- ↑ „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 24. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 99. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 214. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Преглед на производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија – мали хидроелектроцентрали“. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Македонија.
Надворешни врски
уреди- Каменичка Река на Ризницата ?