Кале (Отовица)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кале“
| |
Местоположба | 41°46′23″N 21°46′40″E / 41.77306° СГШ; 21.77778° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Отовица |
Општина | Велес |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Отовица. Претставува градиште од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од Башино Село, од левата страна на патот Велес-Езеро Младост, на висок рид со зарамнето плато има видливи остатоци од високи ѕидови од утврдувањето. Во внатрешноста се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, архитектонска пластика и градежен материјал. Најдени се и монети од V-VI век. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Бела Вода — населба од римското време;
- Теќе — населба од бронзеното и доцноантичкото време;
- Отовица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 60. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |