Теќе (Отовица)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Теќе“
| |
Местоположба | 41°46′23″N 21°46′40″E / 41.77306° СГШ; 21.77778° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Отовица |
Општина | Велес |
Тип |
|
Период | бронзено време |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Теќе — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Отовица. Претставува населба од бронзеното и доцноантичкото време. На 2 км источно од Башино Село, на просторот помеѓу подножјето на врвот Кале и малата височинка наречена Теќе, на местото каде Отавичка Река се влева во Езерото Младост, при подготовките на садење на лозјата се откриени голем број фрагменти од керамички садови карактеристични за бронзеното време. Исто така, по површината се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Музејот на Македонија.[1]
Поврзано
уреди- Кале - Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Отовица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 60-61. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |