Источни Словени

(Пренасочено од Источните Словени)

Источни Словени се група на словенски народи кои ги населуваат подрaчјата на Источна Европа. Државите во кои Источните Словени сочинуваат мнозинство на население се Белорусија, Русија и Украина. Источните Словени исто така се мнозинство на население во непризнатата држава Приднестровие, која е официјално дел на Молдавија, но таа е фактички независна држава.

Источни Словени
Усходнія славяне (бе.)
Восточные славяне (ру.)
Східні слов'яни (ук.)
Источните Словени (зелено) на картата на Европа.
Вкупен број
>182 милиони
Подрачја со значајно население
Мнозинство: Белорусија, Русија, Украина. Малцинство: Азербејџан, Германија, Ерменија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска, Романија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Финска, Чешка.
Јазици
Источнословенски јазици:
белоруски, русински, руски, украински
Вероисповед
Атеизам, Католицизам, Православие
Сродни народи
Словени

Источнословенски народи и етнички групи

уреди

Во периодот на коминистичката диктатура после Болшевичката револуција во Русија во 1917. година, официјално се признати за посебни нации и :

Пишани извори

уреди

Многу малку е познато за Источните Словени отприлика до 859та година,датата од која започнува, според Примарната Хроника. Причините за отсуството на пишан јазик (Кирилското писмо,направено околу 863 година беше посебно за Словените) и изолираноста на Источно Словенските територии.Тоа што е малку познато доаѓа од археолошките наоди, странски патописци кои патувале во Киевска Русија, и лингвистичните компаративни анализи на Словенските јазици.

Откриени се неколку Руски документи кои датираат пред 11 век . Најраниот откриен манускрипт со информации за историјата на Киевска Русија е Примарната Хроника, напишана при крајот на 11тиот и почетокот на 12 век. Во неа се спомнати 12 Словенски племенски унии кои, живееле на просторот помеѓу Балтичкото и Црното Море. Овие племенски унии беа Полјаците,Древлјаните, Дреговичите, Радимичите, Вјатичите, Кривичите,Словенците, Дулебите, Белите Хрвати, Северјаните, Уличите и Тиверците.

 
Источните Словенски племиња во осмиот век