Историја на Боцвана

Во 19 век избиле непријателства меѓу племињата Цвана и Ндебеле и кои правеле упади во Боцвана од североисток. Тензии, исто така, ескалирале со Бурските (Европски) доселеници од исток. По жалбите од страна на водачите на Боцвана Кама III, Батоен и Себеле за помош, британската влада го ставила "Бечуаналенд" под нејзина заштита на 31 март 1885 година. Северната територија останала под директна управа како Протекторат Бечуаналенд'' и е денешна Боцвана, додека јужната територија станала дел од колонијата Кејп и сега е дел од северозападна провинција Јужна Африка. Мнозинството луѓе кои зборуваат сецвана живеат во Јужна Африка.

Дел од темата Боцвана

Историја на Боцвана

Рана историја
Колонизација
Протекторат Бечуаналенд
Боцвана

Портал:Боцвана

Кога Сојузот на Јужна Африка е формиран во 1910 година од главните британски колонии во регионот, протекторатот Бечуаналенд и Баситоленд (сега Лесото) и Свазиленд ( "Високата комисија за територии") не биле вклучени, но било обезбедено нивно подоцнежно оформување.

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Територијата на Боцвана била населена со коисански народи со илјадници години. Една месност во ридот Цодило во северозападна Боцвана содржи археолошки докази дека на таа територија имало коисански народи од 17.000 г.п.н.е. па до околу 1650 година. Во тој период коисанските народи биле ловци и собирачи на плодови, нивните алатки биле изработени од камен, дрво или коска и нивната култура била означена како „доцно камено доба“. Овој начин на живот бил нашироко прифатен во регионот, особено во северните предели на Боцвана. [1]

Во изминатите векови, коисанските народи преминале од примитивниот начин на живот во сточари и одгледувачи на говеда и овци. Говедата и овците биле донесени од Источна Африка. Некои коисански народи емигрирале низ централна Намибија и пристигнале сè до ’ртот Добра Надеж. Во тој периот коисанските јазици за првпат биле воведени во Јужна Африка.[2]

Банту-период

уреди

Земјоделството и одгледувањето на добиток од стран на банту-народите било расширено јужно од екваторот со илјадници години. Од Западна Африка, за време на доцното камено доба, земјоделството било пренесено во Ангола, во 380 година започнало да се употребуваат и алатки во регионот на реката Замбези. Од другата страна пак, источноафриканското земјодество се проширило низ саваните и во околу 20 година било воведено во регионот на реката Замбези. Овие народи, покрај тоа што вовеле земјоделство и сточарство, тие ги вовеле и банту-јазиците во регионот. [3]

Биле потребни стотици години да се заменат коисанските традиционални принципи на живот во регионот Окаванго и Макгадикгади со банту-вредности. Во 200-те години луѓето почнале да изработуваат керамика, која според археолошките пронајдоци, била мешавина од коисански и банту-елементи.[4]

Најстарото археолошко пронаоѓалиште во Боцвана од железното доба е Цвапонг, кое се наоѓа во Палапје и датира од 190 година. Се претпоставува дека наоѓалиштето е од источни банту-фармери од регионот на долината на Лимпопо. Во северните делови од државата се населиле западни банту-фармери. Во западните делови од државата биле пронајдени колиби за кои се верува дека потекнуваат од 420 година, додека исти такви населби биле пронајдени во Преторија, но тие потекнувале од 300 година. Денес има и докази дека имало банту-фармери во Окаванго, кои опстојувале паралелно со коисанските народи. Таква населба била Цодило, која потекнува од 550 година. Потешкотија за археолозите е да ги дефинираат карпестите цртежи во Цодило, за кои традиционално се верува дека биле насликани од Бушмани.[5]

Први кралства

уреди

Од 1095 година, југоисточна Боцвана била дом на нова култура, чиј центар бил Морцане во близина на Габане. Морицанската култура е традиционално поврзана со Кгалагдиското кралство, најзападната сотоанско-цванска група.[6]

Во источните предели на централна Боцвана, во околината на Серове, се развила силна сточарска традиција, која била под доминација на населението од брдата Тоуцве од 600/ 700 па сè до 1200/ 1300 година. Просперотетот на државата бил заснован на одгледувањето добиток. Народот Тоутцве исто така се занимавал со ловење и со трговија во долината на Лимпопо.[7]

Државата на Тоуцве била освоена од народот Мапунгубве, која првично се наоѓала во регионот на реките Лимпопо и Шаше. Освојувањето се случило во перидот 1200/ 1300 година. Мапунгубве забележале голем развој поради трговијата со злато преку реката Шаше па сè до Индискиот Океан. Главниот центар на Тоуцве бил напуштен, но новите владетели ги зачувале останатите населени места поради одредени придобивки. Сепак, оваа држава во развој била краткотрајна и државата Големо Зимбабве, која се развила северно од Лимпопо, ја освоила цела територија. Најголемиот цут Зимбабве го забележал во периодот од 13 до 15 век. Наследничка на Големо Зимбабве била државата Бутуа, која се развила во западно Зимбабве.[8]

Државата Бутуа наскоро потпаднала под контрола на Чибундуле, а подоцна во 1685 година и под власт на Розвите. За време на владеењето на Розвите, Бутуа станала позната како Каланга.[9]

Издигнувањето на Цваните

уреди

Во периодот 1200 до 1400 година, поголем број моќни династии започнале за да се развиваат во западен Трансвал и нивната моќ почнала да се шири низ регионот. Фокензите се прошириле јужно кон Јужносотоанските народи, додека Ролонзите се прошириле западно кон Калагариските народи. Се претпоставува дека или Калагаријците ги прифатиле Ролонзите или се преселиле западно низ Калахари. Моќта на Ролонзите била голема и често имале воени конфликти со народот Таунг.[10]

Главните цвански династии Хуруце, Квена и Кгатла настанале од династијата Пофу. Цваните се одделиле во 1500/ 1600 година во западен Трансвал. Спред народните прекажувања, Цваните се одделиле од сродниот народ поради сушата во првичаната татковина и станале независно кралство. Според археолошките докази, до 1700 година Цваните живееле во мали колиби, а по 1700 година биле забележани и камени структури. Сите овие кралства во регионот се бореле за превласт, трговија и поголеми приходи од сточарството.[11]

Цванските династии Квена и Хуруце го основале кралството Нгвакеце во југоисточна Боцвана во 1700 година. По 1750 година, ова мало кралство прераснало во моќна воена држава која ги контролирала ловството и одгледувањето на добиток во Калахари, како и производството на бакар во Кање. Квените се населиле во Молепололе, а некои Квени се населиле и во Шошонг.[12]

Бечуаналенд

уреди

Во 19 век избиле непријателства меѓу племињата Цвана и Ндебеле и кои правеле упади во Боцвана од североисток. Тензии, исто така, ескалирале со Бурските (Европски) доселеници од исток. По жалбите од страна на водачите на Боцвана Кама III, Батоен и Себеле за помош, британската влада го ставила "Бечуаналенд" под нејзина заштита на 31 март 1885 година. Северната територија останала под директна управа како Протекторат Бечуаналенд'' и е денешна Боцвана, додека јужната територија станала дел од колонијата Кејп и сега е дел од северозападна провинција Јужна Африка. Мнозинството луѓе кои зборуваат сецвана живеат во Јужна Африка.

Кога Сојузот на Јужна Африка е формиран во 1910 година од главните британски колонии во регионот, протекторатот Бечуаналенд и Баситоленд (сега Лесото) и Свазиленд ( "Високата комисија за територии") не биле вклучени, но било обезбедено нивно подоцнежно оформување.

Наводи

уреди
  1. ^ Парсонс, Н. (2000), Кратска историја на Боцвана

Поврзано

уреди