Исламот во Словенија

(Пренасочено од Ислам во Словенија)

Повеќето муслимани во Словенија етнички претежно се Бошњаци и други словенски муслимани.[2] Во 2014 година, имаше 48,266 муслимани во Словенија, односно околу 2,4 проценти од вкупното население.[3] На чело на муслиманската заедница на Словенија е Неджад Грабус.[4]

Ислам во Европа [1]
  20%-30% (Кипар)
  30%-40% (Македонија)
  80%-90% (Албанија)
  90%-95% (Косово)

Демографија

уреди

Демографија на муслимани во Словенија по етничка припадност во 2002 година[5]

Етничка припадност Муслимани Процент
Босански муслимани (Бошњаци) 19,923 41.95%
Муслимани по националност 9,328 19.64%
"Бошњаци" (самодекларирани) 5,724 12.05%
Албанци 5,237 11.03%
Словенци 1,506 3.17%
Роми 868 1.83%
Црногорци 634 1.33%
Македонци 507 1.07%
"Југословени" (самодекларирани) 55 0.12%
Срби 53 0.11%
Хрвати 30 0.06%
Унгарци 8 0.02%
Пакистанци 8 0.02%
Без одговор 817 1.72%
Етнички недекларирани 721 1.52%
Други 445 0.94%
Непознато 308 0.65%
Регионално определени 15 0.03%
Вкупно 47,488 100%

Муслимански градби во Словенија

уреди
 
Стара австроунгарска џамија во Лог-под-Мангартом, урната по Првата светска војна.

Била изградена една џамија во Лог-под-Мангартом, село денес во екстремниот северозападен дел на Словенија, од страна на босанско-херцеговинскиот пешадиски полк бр.4 за време на Првата светска војна и веројатно урната наскоро по војната.[6] Во ноември 2013 започнала изградбата на џамија во Љубљана која била завршена во 2016 година.

Љубљанска џамија

уреди

Во септември 2013 била создадена фондацијата за изградба на џамија која 70% беше финансирана од Катар, 44 години откако беше поднесено барање за изградба на џамија. Беше планирано џамијата да вклучува и културен центар со цена од $16 милиони долари и изградбата требаше да биде завршена до 2016 година. На отворањето присуствувала и премиерката Аленка Братушек која ја нарече градбата "симболична победа против сите форми на верска нетолеранција" и според која Европа би била помалку културно богата без исламот. Присуствувале околу 10.000 други лица вклучувајќи го и љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ и анонимен владин министер од Катар. Највисокиот исламски авторитет во Словенија, муфтијата Неджад Грабус рече: "Ние сме среќни да го започнеме овој граѓански проект во Љубљана, која на овој начин ќе стане подобро познат и поплуралистички град."[7] На церемонијата присуствувал и бошњачки член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ. Други кои присуствуваа беа поранешниот претседател на Словенија, Данило Турк и муфтијата на Исламската заедница на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ.[8] Проектот се соочи со административни пречки и беше политички ризик во претежно римокатоличката земја. Тој исто така се соочи со можен референдум за ова прашање во 2004 година со 12,000 потписи за него; меѓутоа, Уставниот суд на Словенија го одби барањето врз основа на слободата на вероисповед. Тој исто така беше контроверзен поради финансиската криза во која била земјата. На свеченоста исто така беа ретка глетка жените со покривки за глава.[9]

Наводи

уреди
  1. Pew Forum, 2011-01 report
  2. Bajt, Veronika (2011). „The Muslim Other in Slovenia. Intersection of a Religious and Ethnic Minority“. Во Górak-Sosnowska, Katarzyna (уред.). Muslims in Poland and Eastern Europe: Widening the European Discourse on Islam. University of Warsaw Press. стр. 307–326. ISBN 9788390322957.
  3. „Muslim Population by Country: S - T“. Ministry of Hajj Kingdom of Saudi Arabia. Посетено на 17 April 2014.
  4. „Predsednik Mešihata – Mufti Nedžad Grabus“ [The President of Meshihat – Mufti Nedžad Grabus] (словенечки). Архивирано од изворникот на 2014-04-12. Посетено на 9 June 2015.
  5. „Population by religion and ethnic affiliation, Slovenia, 2002 Census“. Statistical Office of the Republic of Slovenia. Архивирано од изворникот на 2017-09-26. Посетено на 9 June 2015.
  6. Sejko Mekanović, Husein (2011). Džamija [The Mosque] (PDF) (словенечки).
  7. http://www.aljazeera.com/news/europe/2013/09/2013914161756283157.html
  8. http://www.worldbulletin.net/?aType=haber&ArticleID=117944
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 2018-05-08.