Исламот во Чешка
Според пописот од 2017 година, околу 20.000 муслимани живеат во Чешка (помалку од 0.2% од вкупното население), во споредба со 3.400 во 2010 година и 495 во 1991 година. Речиси сите муслимани во Чешка се Сунити.
Постојат повеќе исламски центри во Чешка и тоа главно во Прага и Брно, потоа во Теплице, Храдец Кралове, Либерец, П’лзењ, Карлови Вари и селото Колова. Во 2004 година локалните власти ги одбиле плановите за изградба на џамија во селото Орлова.[1] Архивирано на 24 септември 2016 г.
Историја
уредиПрвите документирани посети во Чешка од страна на лице со познавање на исламот биле направени во 964-965 година од Ибрахим ибн Јакуб, еврејски трговец од тогашна муслиманска Шпанија. Неговите мемоари подоцна биле објавени и со тоа станеле едни од првите записи за Средна Европа во исламскиот свет.
За време на двете опсади на Виена, групи на отоманската армија достигнале до Моравија. Силни трговски врски меѓу Австроунгарија и Отоманското Царство биле воспоставени во текот на 19 век.
Традиционално, влијанието на исламот врз култура на Чешка било многу мало.
Модерна ера
уредиЗакон од 1912 година донесен од страна на Австроунгарската монархија го призна исламот како "државна религија" и со тоа официјално било дозволено неговото присуство на територијата на денешна Чешка. Првата муслманска заедница (Muslimské náboženské obce pro Československo) била основана во 1934 година и укината во 1949 година. Обидот за создавање на нова заедница во 1968 година беше неуспешен. Во 1991 година бил основан Центарот за муслимански заедници (чешки: Ústředí muslimských náboženských obcí). Во 1998 година првата џамија беше изградена во Брно [2] и една година подоцна во главниот град Прага [3]. Обиди за изградба на џамии во другите градови биле стопирани од страна на локалните граѓани. Во 2004 година исламот беше официјално регистриран во Чешка, како резултат на ова заедницата има право да добива финансии од државата.
Поголемиот дел од муслиманите се од Босна и Херцеговина (од почетокот на 1990-тите) и поранешните земји на Советскиот Сојуз (главно од Кавкаската област, од крајот на 1990-тите до денес). Значаен и влијателен дел се и муслиманите од средната класа од Египет, Сирија и од други делови на Средниот Исток (обично луѓе кои студирале во Чехословачка и одлучиле да останат). Неколку стотици муслимани се Чеси кои се преобратиле.[1]
Стравувања за исламски фундаментализам
уредиПретседателот Милош Земан е меѓу они кои изразиле страв дека исламскиот тероризам може да ја загрози безбедноста во Чешка.[2] Во август 2016 година за првпат чешки граѓанин беше обвинет под сомневање дека се обидел да се приклучи на ИДИС.
Наводи
уреди- ↑ Panýrková, Petra: Konvertité k islámu v České republice, University of Pardubice, 2009.
- ↑ Bilefsky, Dan (2 August 2016). „Czech Man Is Charged With Attempted Terrorism“. New York Times. Посетено на 3 August 2016.
Извори
уреди- Miloš Mendel, Jiří Bečka, Islám a české země, Olomouc, Votobia, 1998. ISBN 80-7220-034-8
- Miloš Mendel, Bronislav Ostřanský, Tomáš Rataj, Islám v srdci Evropy, Praha, Academia, 2008. ISBN 978-80-200-1554-9
Надворешни врски
уреди(сите текстови се на чешки јазик)