Исламски календар

(Пренасочено од Исламскиот календар)
Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Исламски календар или муслимански календар (арапски: التقويم الهجري; персиски: تقویم هجری قمری ‎ турски: Hicri Takvim; уште се нарекува и хиџрански календар) — месечев календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.

Календарот е месечев, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи месечевата година има 11 дена помалку од сончевата, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна сончева година, т.е. според грегоријанскиот календар.

Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан.[1]

Месеци

уреди

Месеците се именувани вака:[2]

  1. мухарем; арапски: محرّم
  2. сафер; арапски: صفر
  3. реби ул-евел (Реби I); арапски: ربيع الأول
  4. реби ул-ахир (Реби II); арапски: ربيع الآخر أو ربيع الثاني
  5. џумаде ел-ула (Џумаде I); арапски: جمادى الاولى
  6. џумаде ел-ахир (Џумаде II); арапски: جمادى الآخر أو جمادى الثاني
  7. реџеб; арапски: رجب
  8. шабан; арапски: شعبان
  9. рамазан; арапски: رمضان
  10. шевал; арапски: شوّال
  11. зул каде; арапски: ذو القعدة
  12. зул хиџе; арапски: ذو الحجة

Од сите месеци, рамазан или рамадан е најславениот. Муслиманите треба да постат во текот на денот во овој месец. За повеќе околу светиот месец видете и: рамазан.

Денови

уреди

Првиот ден од неделата е недела. Според исламскиот календар, деновите започнуваат на зајдисонце.[3] Муслиманите се собираат за молитва во џамија на пладне на „денот за собор“ кој одговара на петок. Затоа, петокот се смета за ден за одмор, а саботата честопати е прв работен ден.

Имињата на деновите се:

  • јаум ал-ахад يوم الأحد (прв ден - недела) (урду: Itwaar اتوار) (персиски: Yek-Shanbeh یکشنبه)
  • јаум ал-итнајн يوم الإثنين (втор ден - понеделник) (урду: Pîr پير, персиски: Do-Shanbeh, دوشنبه)
  • јаум атх-тулаатаах يوم الثُّلَاثاء (тред ден - вторник) (урду: Mangl منگل) (персиски: Seh-Shanbeh, سه شنبه)
  • јаум ал-арбиа`aa' يوم الأَرْبِعاء (четврти ден - среда) (урду: Budh بدھ) (персиски: Chahar-Shanbeh, چهارشنبه)
  • јаум ал-кхамис يوم الخَمِيس (петти ден - четврток) (урду: Jumahraat جمعرات) (персиски: Panj-Shanbeh, پنجشنبه)
  • јаум ал џума يوم الجُمُعَة (соборен ден - петок) (урду: Jumah جمعہ) (персиски: Jom'eh, جمعه или Adineh آدينه)
  • јаум ас-сабт (сабота) (урду: Saneechar/Hafta ہفتہ) (персиски: Shanbeh, شنبه)

„Јаум“ значи ден, а неколку денови имаат имиња на редоследни броеви: првиот, вториот, третиот и четвртиот.

Броење на годините

уреди

Според исламската традиција Абраха, управникот на Јемен, кој во тоа време бил провинција на христијанското кралство Аксум (денешна Етиопија се обидел да ја уништи Ќабата напаѓајќи ја со војска која вклучувала слонови. Нападот не успеал. Според овој настан, таа година е наречена Година на слонот, а тоа е и годината во која е роден Мухамед. Се смета дека оваа година одговара на 571. или 570. година од европскиот календар. До 638. година, во предисламскиот период, годините биле броени почнувајќи од годината на слонот. Мухамед во 9-тата година ги забранил престапните месеци и години, односно го вовел месечевиот календар. Во 638. година (17. година според исламскиот календар), вториот калиф Умар почнал да ги брои годините од Хиџра, која била оттогаш сметана како прва година. Првиот ден од првиот месец на таа година, по бришењето на престапните денови од првите 9 години, се совпаднал со 16 јули 622. година, и ова и денес се смета за првиот ден од исламскиот календар (иако всушност преселбата на Мухамед се случила во септември 622. година).[1]

Првиот доказ за користењето на исламскиот календар доаѓа од еден папирус од Египет во 22. година (644. г.).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Watt, W. Montgomery. „Hidjra“. Во P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W.P. Heinrichs (уред.). Encyclopaedia of Islam Online. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. B. van Dalen. „Tarikh“. Во P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W.P. Heinrichs (уред.). Encyclopaedia of Islam Online. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  3. Trawicky (2000) p. 232