Показател на вулканска избувност

скала за величината на вулканските избуви

Показател на вулканска избувност, крат. VEI (од англиски: Volcanic Explosivity Index) — релативно мерило на јачината на вулканските избуви (ерупции). Осмислен е од Крис Њухол при Геолошкиот топографски институт на САД и Стивен Селф при Хавајскиот универзитет во 1982 г.

Сооднос на VEI и зафатнината на исфрлениот материјал.

Избувноста се утврдува според три мерки: зафатнина на исфрлениот материјал, висината на избувниот облак и квалитативните (од „благ“ до „мегаколосален“). Скалата има отворена горна граница, при што најголемите вулкани во историјата имаат величина 8. Вредноста 0 ја носат неизбувните изливи (помалку од 10.000 м3 исфрлена тефра), а со 8 се означени мегаколосалните избуви што исфрлаат 1,0 × 1012 м3 (1.000 км3) тефра и облак со столб висок 20 км. Скалата е логаритамска, каде секој интервал на скалата претставува десеткратно зголемување на забележениот материјал, with the exception of between VEI-0, VEI-1 и VEI-2.[1]

Класификација

уреди

Показателите зависат од количината на исфрлен вулкански материјал, висината на исфрлање и траењето на избувот. Скалата е логаритамска од VEI-2 нагоре, при што секој степен е десеткратно посилен од претходниот. Помеѓу 1 и 2 долната граница на количината исфрлен материјал скока стократно од 10.000 на 1.000.000 м3, а сите повисоки степени се десеткратни.

VEI Исфрлено (вкупно) Класа Опис Облак Честота Тропосферно
исфрлање
Стратосферно
исфрлање[2]
Примери
0 < 104 м3 хавајски изливен < 100 м постојано занемарливо никакво
Килауеја, Питон де ла Фурнез, Еребус
1 > 104 м3 хавајски / стромболски благ 100 м – 1 км секојдневно ситно никакво
Њирагонго (2002), Раул (2006), Стромболи (постојано, од римско време до денес)
2 > 106 м3 стромболски / вулкановски избувен 1–5 км двонеделно умерено никакво
Унзен (1792), Кумбре Вјеха (1949), Галерас (1993), Синабунг (2010)
3 > 107 м3 вулкановски / пелејски/потплиниски катастрофален 3–15 км 3 месеци значително можно
Ласен Пик (1915), Невадо дел Руис (1985), Суфриерски Ридови (1995), Набро (2011)
4 > 0,1 км3 пелејски / плиниски/потплиниски катаклизмичен > 10 км (плиниски или потплиниски) 18 месеци значително утврдено
Лаки (1783), Мајон (1814), Пеле (1902), Галунгунг (1982), Ејафјадлајекидл (2010), Калбуко (2015)
5 > 1 км3 пелејски/плиниски пакроксизмичен > 10 км (плиниски) 12 години значително забележливо
Везув (79), Фуџи (1707), Таравера (1886), Агунг (1963), St. Helens (1980), Хадсон (1991), Пујеве (2011)
6 > 10 км3 плиниски / ултраплиниски колосален > 20 км 50 - 100 г. значително значително
Лахерско Езеро (~ 12.900 г. п.н.е.), Вениаминов (~ 1750 г. п.н.е.), ез. Илопанго (535), Вајнапутина (1600), Кракатау (1883), Санта Марија (1902), Новарупта (1912), Пинатубо (1991)
7 > 100 км3 ултраплиниски суперколосален > 20 км 500 - 1.000 г. значително значително
Мазама (~ 5600 г. п.н.е.), Тера (~ 1620 г. п.н.е.), Таупо (180), Пекту (946), Самалас (Ринџани) (1257), Тамбора (1815)
8 > 1000 км3 ултраплиниски мегаколосален > 20 км > 50.000 г.[3][4] огромно огромно
Ла Гарита (26,3 мг), Јелоустоун (630.000 г. п.н.е.), Тоба (74.000 г. п.н.е.), Таупо (25.360 г. п.н.е.)

Утврдени се вкупно 47 избуви со јачина VEI-8, кои се случиле од ордовикот до плеистоценот.Од нив, 42 се случиле во изминатите 36 милиони години. Најмлад од нив е избувот на езерото Таупо во Нов Зеланд пред 25.360 години, што значи дека избув со јачина VEI-8 се нема јавено во холоценот (последниве 10.000 години).[5] Утврдени се барем пет холоценски избуви поголеми од VEI-7. Во тој период се случиле барем 58 плиниски избуви и 13 каледерообразувачки настани со голема, но непозната јачина. Веројатно има многу други избуви кои сè уште не се утврдени.

Кон 2010 г. Глобалната програма за вулканизам на Смитсоновата установа од Вашингтон има класификувано 7.742 избуви во холоценот (последниве 11.700 години) или 75% од познатите избуви во тоа раздобје. Околу 90% од нив се VEI-3 или помал. Околу 49% од истите се VEI-2.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Newhall, Christopher G.; Self, Stephen (1982). „The Volcanic Explosivity Index (VEI): An Estimate of Explosive Magnitude for Historical Volcanism“ (PDF). Journal of Geophysical Research. 87 (C2): 1231–1238. Bibcode:1982JGR....87.1231N. doi:10.1029/JC087iC02p01231. Архивирано од изворникот (PDF) на December 13, 2013.
  2. „Volcanic Explosivity Index (VEI)“. Global Volcanism Program. Smithsonian National Museum of Natural History. Архивирано од изворникот на November 10, 2011. Посетено на August 21, 2014.
  3. Dosseto, A. (2011). Turner, S. P.; Van-Orman, J. A. (уред.). „Timescales of Magmatic Processes: From Core to Atmosphere“. Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4443-3260-5. Отсутно или празно |url= (help)
  4. Rothery, David A. (2010). „Volcanoes, Earthquakes and Tsunamis“. Teach Yourself. Отсутно или празно |url= (help)
  5. Mason, Ben G.; Pyle, David M.; Oppenheimer, Clive (2004). „The size and frequency of the largest explosive eruptions on Earth“. Bulletin of Volcanology. 66 (8): 735–748. Bibcode:2004BVol...66..735M. doi:10.1007/s00445-004-0355-9.
  6. Siebert, L.; Simkin, T.; Kimberly, P. (2010). Volcanoes of the World (3. изд.). University of California Press. стр. 28–38. ISBN 978-0-520-26877-7.

Надворешни врски

уреди