Илчо Димов
Илчо Димов ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Илчо Димов | ||
Роден | 1925 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршување на основното образование го изучил столарскиот занает. Во редовите на напредното движење се вклучил уште во октомври 1941 година кога станал член на скоевската група заедно со Диме Чекоров, Блаже Ицев, Герасим Матаков, Марика Хаџи Јорданова и Сава Коцева. Оваа скоевска група била многу активна, редовно одржувала состаноци на кој била читана напредна литература, биле организирани игранки, а парите од продадените билети биле наменети за т.н. „Црвена помош”. Неговата активност особено се интезивирала во времето на подготовките за исфрлање на партизанскиот одред „Добри Даскалов”.[1]
Масакрот на ваташките деца
уредиИлчо Димов заедно со Пане Мешков, Блаже Ицев, Герасим Матаков и Ристо Ѓондев на 15 јуни 1943 година излегле кај колибата на Блажо Чекоров со категорчно барање да излезат во партизани, меѓутоа тоа нивно барање било одбиено. Утредента на 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) во раните утрински часови, Илчо Димов бил уапсен од страна на Бугарската полиција, која по ѕверското иследување во селската кафана на Васил Хаџи Јорданов, го застрелала него заедно со останатите единаесетмина ваташки младинци во месноста "Моклиште".[1]
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
-
Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
-
Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
-
12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 412. ISBN 978-608-4621-04-1.