Блаже Ицев ( 1923 во Ваташа16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]

Блаже Ицев
Роден 1923 година
Ваташа
Починал 16 јуни 1943 година
Моклиште, Ваташа.
Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно образование по што започнал да го изучува столарскиот занает. Уште на млади години се вклучил во редовите на напредното младинско движење во Ваташа. Во октомври 1941 година станал член на една скоевска група што ја предводел Диме Чекоров. Оваа скоевска ќелија одржувала редовни состаноци на кои биле читани партиски материјали кои се добивале од Кавадарци. Биле добивани и политичките списанија "Политички листок" и "Марксистички листок". Биле свесни за опасноста на која се изложуваат, но без приговор ги извршувале сите па и најтешките задачи. Заедно со своите другари пренесувале храна за борците од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, а мошне активни биле и во времето на формирањето на одредот „Добри Даскалов”.[1]

Масакрот на ваташките деца

уреди
 
Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските сили.

Таквата нивна активност не останала незабележана од страна на бугарските фашисти. Поради неговата револуционерна дејност на 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) е уапсен од страна на бугарската полиција, а по зверското мачење истиот ден е однесен во месноста "Моклиште", каде што е стрелан со уште 11-мина младинци од Ваташа.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 414. ISBN 978-608-4621-04-1.