Герасим Матаков ( 1925 во Ваташа16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]

Герасим Матаков
Роден 1925 година
Ваташа
Починал 16 јуни 1943 година
Моклиште, Ваташа.
Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор
Националност Македонец

Животопис

уреди

По занимање бил слаткар, а неговите родители имале дуќан на сред село. Тоа овозможувало нивниот дуќан да биде собиралиште на ваташките младинци. Станува член на скоевската организација во октомври 1941 година. Пројавува голема активност во времето кога се вршеле подготовките за исфрлање на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”.

Во почетокот на мај 1943 година тој со своите другари ги прифаќаат и префрлуваат борците од неготинско до Моклишкиот манастир од каде заминале за Вишешница. На 15 јуни 1943 година Герасим Матаков заедно со: Илчо Димов, Пане Џунов, Блаже Ицев, Данко Дафков, Ванчо Гурев и Ристо Ѓондев биле во близина на колибата на Блажо Чекоров, каде што имало една група партизани од одредот „Добри Даскалов”. Младинците од раководството на одредот побарале да заминат во партизани, но тоа нивно барање било одбиено.[1]

Масакрот на ваташките деца

уреди
 
Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските сили.

Таквата нивна активност не останала незабележана од страна на бугарските фашисти. Поради неговата револуционерна дејност на 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) Герасим е приведен во кафаната на Васил Хаџи Јорданов заедно со уште 15 мина младинци и младинки од Ваташа. Истиот ден во месноста "Моклиште" тој е стрелан заедно со единаесетмината свои другари.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 419. ISBN 978-608-4621-04-1.