Васил Хаџијорданов
Васил Хаџијорданов ( 1915 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.[1]
Васил Хаџијорданов | ||
Роден | 1915 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил угостител. Уште од детството и ученичките денови беше близок другар со Страшо Пинџур и Димката Ангелов, кои оставиле силно влијание врз него. Неговата кафеана била место каде што се случувале многу работи, а и самиот активно бил вклучен во работата на напредното антифашистичка движење во групата со Ангел Ралев и Блажо Паракеов. Неговиот радиоапарат кој работел на батерии во поголеми групи најчесто во ноќните часови го слушале ваташките младинци, кои со помош на него ги дознавале најновите вести и состојбата на светските фронтови.[1]
Масакрот на ваташките деца
уредиНеговото приведување заедно со останатите ваташки младинци воопшто не било случајна, иако Васо генерациски бил многу постар од нив. Бугарските фашисти не се задоволиле со неговото убиство на 16 јуни 1943 година, туку по извршеното злосторство го масакрирале неговото тело, како и телото на Ферчо Поп-Ѓорѓиев.[1]
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
-
Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
-
Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
-
12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 435. ISBN 978-608-4621-04-1.