Илирјан Беќири
Илирјан Беќири (Тетово, 5 март 1968) — македонски политичар и поранешен министер за култура на Македонија.
Илирјан Бекири | |
---|---|
Министер за култура | |
На должноста 28 август 2006 – 12 април 2007 | |
Претседател | Никола Груевски |
Претходник | Благоја Стефановски |
Наследник | Арифхикмет Џемаили |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 март 1968 ) Тетово, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Албанец |
Партија | ДПА |
Животопис
уредиДипломирал на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство на Тетовскиот универзитет во 1998 година, а магистрирал во 2002 година на Универзитетот во Приштина.
Од 1998-2002 бил асистент на Факултет на ликовна уметност, а од 2002-2005 година и професор на истиот факултет. Беќири има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и во соседството, а учествувал и на неколку ликовни колонии. Беќири зборува српски, турски и англиски јазик.
Во времето кога бил министер за култра на Македонија се случило скандал со театарската претстава „Тито“, која тој ја забранил, по што набрзо следувала негова оставка ос минисерството[1].
Наводи
уреди- ↑ Тодоровска В., Весна (2 април 2007). „Илиријан Беќири поднесе оставка“. А1. Посетено на 2009-11-02.
Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |