Иво Тијардовиќ (хрватски: Ivo Tijardović; 18 септември 1895 во Сплит19 март 1976 во Загреб) — хрватски композитор, писател, сликар од Сплит (Далмација). Бил учесник во Народноослободителната борба, за време на окупацијата на градот Сплит во Втората светска војна од Италија, како припадник на партизаните на Јосип Броз Тито.[1]

Биста на Иво Тијардовиќ

Животопис

уреди

Тијардовиќ е роден во градот Сплит (тогаш дел од Австроунгарија), а студирал музика во Сплит и во Виена, каде студирал и архитектура.

Дипломирал на драмската школа во Загреб во 1922 година. Потоа работел како диригент и сценограф во Сплитскиот општински театар (1922–29) пред да се придружи на музичкиот оддел во Едисон Бел Пенкала во Загреб (1929–33).

Подоцна, се вратил во Сплит, и бил назначен за директор на Хрватскиот народен театар во Сплит, сценски режисер на Хрватскиот народен театар во Загреб и директор на Државниот симфониски оркестар (подоцна, Загрепска филхармонија).

Како композитор, тој се потпирал на фолклорот и националниот музички израз, особено од неговиот роден крај, Далмација.[2]

Тој компонирал осум оперети од кои најпознати се „Малата Флорами“ и „Сплитски акварел“. Неговите оперети се занимаваат со историски теми и најчесто поетиката и убавините на неговиот роден град Сплит. Исто така, сликал и работел како сценограф и илустратор.[3]

За време на Втората светска војна тој бил партизан. Од овој период е неговата преработка на старата сплитска патриотска песна „Марјане, Марјане“, која наскоро станала химна на градот во форма што тој ја објавил.

По ослободувањето, во 1944 година, се вратил во Сплит и ја оживеал театарската сцена.

Починал во 1976 година, во Загреб, СР Хрватска, СФР Југославија.[4]

Дела

уреди
  • Оперети
    • „Пјеро Ило“, 1922 Сплит
    • „Малата Флорами“, 1926 Сплит
    • „Сплитски Акварел“, 1928 Сплит
    • „Заповета намаршалот Мармонт“, Сплит во 1929 година
    • „Јурек и Штефек“, 1931 година Загреб
  • Хорски
    • „Катарина Велика“, 1929 година Загреб
  • Опери
    • „Оџаци покрај Јадран“, 1951 година Загреб
    • „Марко Поло“, 1960 година Загреб
    • „Диоклецијан“, 1963 година Загреб

Наводи

уреди