Зрче е долга песочна плажа на хрватскиот остров Паг, северниот дел на хрватскиот брег. Сместена е близу градот Новаља, околу 2 километри од неговиот центар. Една е од 100-те хрватски плажи кои имаат сино знаменце, кое го доби во 2003 година. Плажата е позната летно туристичко одредиште за оние кои сакаат журки и забави со неколку дискотеки кои работат непрестајно и повеќе барови на плажа кои работат во текот на летните месеци. Местото го посетуваат бројни хаус и транс диџеи во шпицот на сезоната, односно во јули и август со што прават несекојдневни и незаборавни журки за млади.

Надворешни врски

уреди