Злетовска област
Злетовска област — подрачје во североисточна Македонија сместено во средниот и долниот дел од сливот на Злетовска Река со поголем простор на северозападниот дел од сливот на реката, со збиен тип на населени места. Ова подрачје, од северната страна се граничи со Кратовската општина, на запад со Светиниколската, на југ со Штипската и на исток со Кочанската општина.
Средиштето на Општина Пробиштип, како територијален административен центар, од Кратово е оддалечен само 17 км, од Штип 40 км. од Кочани 42 км а од железничката станица „Ванчо Прке“ што се наоѓа на устието на Злетовска Река на општината Пробиштип е оддалечена 22 км. Општината зафаќа 325,6 км2 со број на населени места од 31 село, од збиен тип, претежно урбанизирани. Рудничката индустриска населба се трансформира во градско подрачје, од двете населени места, село Пробиштип и село Калниште со одлука на општинското собрание од 1973 година. Самата општина во Пробиштип е формирана по донесување на Законот за комунален систем од 1955 година, така од тогашните народни одбори во село Трооло, Злетово и Пробиштип се формира општината Пробиштип која во 1965 година, со претпоследната територијална поделба, остана како општина и се развиваше во индустриски центар на просторот на Злетовско-Пробиштипското подрачје.
На територијата претежно живеат Македонци со постојана честота на порастот на жителите. Денес во општината живеат 16.000-17.000 жители од кои 65% населени во градот. Општината спаѓа во ридско планински населби на развиеност, со дел од населените места во рамничарски терен по течението на Злетовска Река.
Историја
уредиСпоред Видовденскиот устав на Кралството СХС, Вардарска Македонија била поделена на области: Скопска, Битолска и Брегалничка област.[1] Секоја област територијално се организираше на срезови (околии). Злетовската општина припаѓала на Кратовската срез-околија, а Троолската на Овчеполски срез.
По извршената агресија во април 1941 година од страна на фашистичка Германија, Македонија е окупирана од фашистичка окупаторска Бугарија, и во општината Злетово и Трооло е воведен тоталитарен окупаторски режим со доведување на окупаторски вооружени сили, окупаторска полиција, воведување на бугарска окупаторска власт, бугарски јазик во сите школи и во црквите. Ваквата тери-торијална административна поделба на власта за време на бугарскиот фашизам 1941-1945 година остана сè до формирањето - создавањето на Народноослободителните одбори односно до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944 година.
Македонскиот народ со националностите што живеат во Македонија, во текот на Народноослободителната и антифашистичката војна 1941-1945 година, борејќи се против фашистичкиот окупатор и домашните предавници, истовремено се бореше и за нова народна власт за нова Македонија. Тоа беа Народноосло-бодителните одбори. Тие беа всушност, првите никулци на новата државан и го израсна и се создаде во текот на војната.[2]
Од втората половина на 1944 година па сè до 1946 година работеа Народно-ослободителните одбори. После тие се трансформираа во Народни одбори, на тој начин што повеќе Народноослободителни одбори се спојуваа во Народни одбори на територијален принцип, а тоа беше раѓањето на еден нов тип на локална самоуправа.[3]
Административна положба
уредиТериторијално административната положба на Злетовско-пробиштипскиот регион непосредно по Првата светска војна, го задржала организациониот систем уште од времето на турското владеење. Постоеле општините: Злетово со седиште во Злетово, Пробиштип со седиште во Пробиштип, Лесново со седиште во с. Лесново, Калниште со седиште во с. Калниште[4] и Трооло со седиште во с. Трооло. Во секоја општина припаѓале околните населени места. Ваква поделба се задржала до донесување на првиот устав таканаречен Видовденски во 1921 година. Co овој устав настанува нова поделба. Општината Пробиштип се укинува, a се формира нова Плешинска со седиште во село Плешенци и во село Долно Барбарево.
Во 1931 година, општините Плешенска, Лесновска и Калнишка се припојуваат кон Злетовската со седиште во Злетово[5] Троолската останува со седиште во с. Трооло, додека општината од с. Долно Барбареово се припојува кон село Немањинци.
Галерија
уреди-
Регионалниот пат што го поврзува Овче Поле со Злетовско-пробиштипско
-
Пејзаж на Злетовско-пробиштипско со селата Зарепинци (лево), Пуздерци (десно) и Куково (во позадина)
-
Стадо овци со ридот Костомар (707 м) во позадина
-
Рид над селото Ратавица
-
Чад во Злетовско-пробиштипско
-
Злетовска Река во близина на манастирот „Св. Спиридон“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Апостолов, Александар. „Злетовска област“. 1973. стр. 481; 494-495.
- ↑ Митков, Владимир. „Основи на комуналниот систем и комуналната политика (трет дел)“. 1978. стр. 143.
- ↑ Апостолов, Александар. „Злетовска област“. 1973. стр. 515.
- ↑ Co одлука на Собранието од 1973 година Рудничката населба, село Калниште и Пробиштип се прогласени за град - Пробиштип.
- ↑ Кондев, Тодор. „Злетовска област“. 1974. стр. 13.