Зеветал (германски: Seevetal) — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината се наоѓа околу 20 километри јужно од Хамбург и 15 километри западно од окружниот град Винзен (Луе).

Зеветал
Црквата „Св. Маврициј“ во Хитфелд
Црквата „Св. Маврициј“ во Хитфелд
Црквата „Св. Маврициј“ во Хитфелд
Грб на Зеветал
Зеветал во рамките на Германија
Зеветал
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Харбург
Градоначалник Мартина Ерцен (ДХС)
Основни податоци
Површина 105,20 км2
Надм. височина 3 - 70 м
Население 42.449 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 404 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WL
Пошт. бр. 21220, 21217, 21218
Повик. бр. 04105, 04185, 040
Портал www.seevetal.de/
Местоположба на Зеветал во рамките на округот Харбург
Карта
Карта
Координати 53°23′0″N 9°58′0″E / 53.38333° СГШ; 9.96667° ИГД / 53.38333; 9.96667

Седиштето на општината се наоѓа во селото Хитфелд. Нејзиното име доаѓа од реката Зеве.

Зеветал е најнаселената општина во Германија без градско право и најнаселена општина во округот Харбург.

Географија и сообраќај

уреди

Зеветал се наоѓа непосредно јужно од градот Хамбург, околу 20 километри од неговото средиште, источно од Харбуршките Планини. Местата Буленхаузен и Овер се наоѓаат на јужниот брег на Елба.

Местата Машен (А39), Хитфелд (А1), Флештет и Рамелсло (А7) се поврзани со автопатски излези. Во местото Хорст се наоѓа јазолот „Хорстер Драјек“ со спојување на А7 и А1, додека во местото Машен се спојуваат А1 и А39.

Зеветал се наоѓа во зоната на Хамбуршкото сообраќајно претпријатие (HVV) и поседува три железнички станици: Хитфелд, Мекелфелд и Машен. Во Машен се наоѓа ранжирна станица од 1977 година, што претставува најголема товарна станица во Европа.

Историја

уреди

Зеветал била создадена на 1 јули 1972 година со спојување на поранешните 19 независни општини.[2] Поранешните општински делови образуваат шест единици:[3]

  • Флештет, Глизинген, Бекедорф, Мецендорф,
  • Хитфелд, Емелндорф, Хелмсторф, Линдхорст,
  • Машен, Хорст, Херстен,
  • Мекелфелд, Клајн-Мор,
  • Овер, Буленхаузен, Грос-Мор,
  • Рамелсло, Олендорф, Холторфсло

Неколку од овие села имаат богата историја: постоењето на Рамелсло е првпат забележано во 845 година, Машен бил споменат во документи во 1294 година, а Хитфелд ја одбележал својата 700-годишнина во јуни 2007 година. Црквата „Св. Маврициј“ во Хитфелд потекнува од XII век.

Население

уреди
 
Библиотека во Мекелфелд

Жители во општината Зеветал од 2011 година.

Година Жители
2011 39.921
2012 39.869
2013 40.159
2014 40.463
2015 40.949
2016 41.234
2017 41.260

Политика

уреди

Избори

уреди

Зеветал припаѓа на покраинскиот округ 51 Зеветал и на сојузниот округ 36 Харбург.

Поранешни градоначалници и општински директори

уреди

Општината Зеветал е основана во 1972 година. До 1997 година била раководена од градоначалник и од општински директор. Од 1997 година обете функции биле споени во една.

Поранешни градоначалници:

  • Херман Мајер (CDU) (1972–1984)
  • Хорст Шнеман (CDU) (1984–1997)

Општински директори:

  • Ханс Јоахим Рерс (1972–1978)
  • Херман Шалер (1978–1991)
  • Рајнер Тимерман (1991–1997)

Градоначалници:

  • Рајнер Тимерман (CDU) (1997–2005)
  • Гинтер Шварц (SPD) (2005–2013)
  • Мартина Ерцен (CDU) (seit 2013)

Градоначалник

уреди

На 6 октомври 2013 година била избрана Мартина Ерцен (CDU) за градоначалничка на општината Зеветал.[4]

Општински совет

уреди

Советот на општината Зеветал е составен од 41 член, од кои 40 се избрани непосредно на избори, а последен член е градоначалникот.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[5]

Партија Места
CDU 13
SPD 10
Слободни гласачи Зеветал 6
Зелени 4
FDP 2
Левица 1
AfD 4

Партнерства

уреди

Зеветал одржува партнерство со американскиот град Декатур во Илиноис.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. ISBN: 3170032631
  3. „Hauptsatzung der Gemeinde Seevetal“ (PDF). 2012-12-19. Посетено на 2016-02-05.
  4. „Die Bürgermeisterin, Website der Gemeinde Seevetal“. Посетено на 2016-08-26.
  5. „Rat der Gemeinde Seevetal“. seevetal.de. Архивирано од изворникот на 2016-12-17. Посетено на 2017-04-05.

Надворешни врски

уреди