Палестина (автономни територии)

(Пренасочено од Западен Брег и Газа)
За регионот видете Палестина.

Палестинските територии сочинуваат два региона (автономни територии) во Блискиот Исток, и тоа:

Карта на Западниот Брег.
Карта на Појасот Газа.

Овие територии биле под управа на Британскиот мандат Палестина, потоа окупирани од страна на Јордан (Западен Брег) и подоцна од Египет (појас Газа), за на крај, двете територии да бидат окупирани од Израел.

Првпат како суверена држава, Палестина била признаена во 1968 од страна на СССР, а со текот на времето, нејзината државност ја признале вкупно 135 држави. Во ноември 2012 година, Палестина добила статус на држава-набљудувач во Обединетите нации. Во 2014 година, Шведска официјално ја признала државноста на Палестина, а на почетокот на ноември 2014, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, изјавила дека во рок од пет години, ЕУ би можела да ја признае Палестина како независна држава.[2]

Карта на областите во Палестина. Источен Ерусалим е прикажан како непалестински поради неговото непризнаено припојување кон Израел.

Административна поделба

уреди

Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (Б, Б и В) и 16 области под Палестинска Самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската Самоуправа - едната на Западниот Брег, а другата во Појасот Газа.

Име Население
(2007)[3]
Површина
(км2)
Густина
(жит/км2)[4]
Западен Брег 3.269.700 5.671 417,86
Појас Газа 1.816.539 360 3.934,83
Вкупно 5.086.239 6.031 627,80

Западен Брег

уреди
Област[5] Население[5] Површина
(км2)[5]
Џенин 556.212 583
Тубас 88.771 372
Тулкарм 358.213 239
Наблус 586.380 592
Калкилија 100.753 164
Салфит 79.464 191
Рамала и ел-Бира 548.018 844
Ерихон 81.724 608
Ерусалим
(вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел)
462.521 344
Витлеем 376.515 644
Хеврон 751.129 1.060
Вкупно 3.609.700 5.671

Појас Газа

уреди
Област[5] Население[5] Површина
(км2)[5]
Северна Газа 270.245 61
Газа 696.410 70
Дејр ел-Бала 205.534 56
Хан Јунис 370.979 108
Рафа 273.371 65
Вкупно 1.816.539 360

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-07-06. Посетено на 2009-11-17.
  2. „ЕУ ќе ја признае Палестина?“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 14.
  3. . "Факти и информации за Палестина: Население". Палестинско академско друштво за изучување на меѓународните односи.  (консултирано на 24 октомври 2012) Архивирано на 24 септември 2012 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-24. Посетено на 2013-03-13. (англиски)
  4. Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Окупирана палестинска територија: Административни единици“. GeoHive. Посетено на 24 октомври 2012. (англиски)

Поврзано

уреди

31°53′N 35°12′E / 31.883° СГШ; 35.200° ИГД / 31.883; 35.200