Зетабајт

(Пренасочено од ЗБ)
Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБ килобајт
10002 МБ мегабајт
10003 ГБ гигабајт
10004 ТБ терабајт
10005 ПБ петабајт
10006 ЕБ ексабајт
10007 ЗБ затабајт
10008 ЈБ јотабајт
10009 РБ ронабајт
100010 КвБ кветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБ кибибајт КБ килобајт
10242 МиБ мебибајт МБ мегабајт
10243 ГиБ гибибајт ГБ гигабајт
10244 ТиБ тебибајт ТБ терабајт
10245 ПиБ пебибајт
10246 ЕиБ ексбибајт
10247 ЗиБ зебибајт
10248 ЈиБ јобибајт

Зетабајт (од англ. zettabyte), (симбол: ЗБ или ZB, изведен од SI-претставкатазета-“) е единица за информации или складирање на сметачки податоци еднаква на еден секстилион (трилијарда) бајти.[1][2][3][4]

  • 1.000.000.000.000.000.000.000 бајти = 10007 или 1021.

Поимот „зебибајт“ (ЗиБ, ZiB), кој има бинарна претставка, се користи за изразување на основа на 1024.

Споредба

уреди

Еден зетабајт е еднаков на милијарда терабајти.

Според годишното истражување на International Data Corporation, количеството на дигитални податоци во светот се очекува да надмине 1,2 зетабајти во текот на 2010 г. Ова е рамносилно на податоците што би се создале ако секој на светот постојано испраќа пораки на Twitter цел век без престан.[5]

Стручњакот Марк Либерман пресметал дека сите зборови изговорени во историјата на човештвото би можеле да се сместат на дигитална снимка од 42 зетабајти со 16-битен запис при 16 kHz[6].

Според истражувањето извршено на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, во 2008 г. Американците потрошиле 3,6 зетабајти информации.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. До 2015 г. се предвидува „зетабајтна поплава“ - Том Бартон (јануари 2008) Архивирано на 10 март 2009 г. (англиски)
  2. Зетабајт до 2010 г: Деловните податоци се зголемија за 50 пати во текот на три години - Лукас Миријан (март 2007) Архивирано на 12 октомври 2007 г. (англиски)
  3. Студија: Дигиталниот универзум и нејзиното влијание е поголемо отколку што мислевме - Лукас Миријан (март 2008) Архивирано на 12 мај 2008 г. (англиски)
  4. Според направената студија, протокот на податоци на интернет ќе достигне еден зетабајт до 2015 г. (англиски)
  5. Хајди Блејк (4 мај 2010). „Зетабајтот го заменува петабајтот како најкрупна единица за дигитални податоци“. Daily Telegraph. Посетено на 4 мај 2010. (англиски)
  6. Mark Liberman (3 ноември 2003). „Zettascale Linguistics“. upenn.edu. Посетено на 17 февруари 2007. (англиски)
  7. Извештај за потрошувачката на дигитални податоци во САД за 2008 г. Архивирано на 22 април 2013 г. (англиски)