Жил Ромен
Жил Ромен (француски: Jules Romains, роден на 26 август 1885 во Горна Лоара - починал на 14 август 1972 во Париз) — француски писател и поет, основач на литературно движење унанимизам. Негови најпознати дела „Knock ou le Triomphe de la médecine“ и „Les Hommes de bonne volonté“.
Жил Ромен | |
---|---|
Роден/а | 26 август 1885 Горна Лоара, Франција |
Починат/а | 14 август 1972 Париз, Франција |
Занимање | поет, писател |
Државјанство | Французин |
Книжевно движење | Унанимизам |
Биографија
уредиЖил Ромен е роден на 26 август 1885 во Горна Лоара, Франција. Во Париз завршил средно образование а потоа на престижниот École normale supérieure. Тој бил близок со групата „Абатство“, утописка група основана во 1906 година од страна на Шарл Вилдрак, а таму членувале и писателот Жорж Дијамел, сликарот Алберт Gleizes и музичар Алберт Глез.
Во 1927 година, тој ја потпишал петицијата во спротивност со Законот за општата организација на нацијата во време на војна, укинување на цела интелектуална независност и сите слободи на изразување. Неговиот роман Другаритњ во задната соба („Les Copains“) се појавил на англиски јазик во 1937 година[1].
Во текот на Втората светска војна, заминал во егзил во САД каде тој зборувал на радио преку Гласот на Америка, а потоа, со почетокот во 1941 година во Мексико учествувал во основањето на Францускиот институт за Латинска Америка.
Жил Ромен пишувал на многу различни теми. Тој бил избран за член на Француската академија на 4 април 1946 година. Тој служел како претседател на Меѓународната организација „ПЕН“, и светската организација на писатели од 1936 до 1941 година. Во 1964 година Жил бил именуван за член на орденот на Свети Авертин. По неговата смрт во Париз во 1972 година неговото место во Француската академија било заземено од страна на Жан де Ормесон.
Унанимизам
уредиРомен првично се смета за основач на литературно движење унанимизам. Движењето започнало кон почетокот на 1900 година. Движењето се заснова на идеите на колективната свест и колективната емоција, како и на однесувањето на толпата, каде членовите на групата прават или мислат нешто истовремено. Движењето опофаќа творечко спојување со таков групен феномен, кој го надминува нивото на свеста на поединецот писател.
Дела
уреди- Les hommes de Bonne Volonté, 1932-1946
- Psyche, 1933
- Violation de Frontières, 1951
- Mort de quelqu'un, 1911
Наводи
уреди- ↑ Mangione, Jerre Gerlando (1978). An Ethnic at Large: A Memoir of America in the Thirties and Forties. Syracuse University Press. стр. 154. Посетено на 11 April 2015.