Живко Туфекџијоски

Живко Синадинов Туфекџијоски ( 1921 во Кичево1943 во Мало Црско, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Живко Туфекџијоски
Роден 1921 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал ноември, 1943 година
Мало Црско, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Ѕверски мачен, па убиен од бугароманот Димо Брадата.
Националност Македонец

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште, учел гимназија во Охрид. Војната го затекнала во VII клас, а VIII клас го завршил во Тетово каде им овозможиле италијанските окупатори да полагаат во 1941 година. Како гимназијалец имал можност да се запознае со напредното работничко движење. Пролетта 1942 година Живко бил затворен од окупаторските власти заедно со групата кичевски комунисти кои по долгите малтретирања биле однесени во Тиранскиот затвор и осудени на три години робија. По капитулацијата на Италија, се вратиле во Кичево и Живко бил доделен да работи при Срескиот комитет на КПМ за Кичево. Како активист, заедно со Јанко Михајлоски, се испратени во Карбунечко и Кладничко каде го сретнале ѝ ранетиот партизан Трпе Блажески-Трифко од Гостиварско. Во октомври 1943 година, сите тројца се фатени од контрачетникот-бугароманот Димо Брадата ѝ однесени во селото Цер кај бугарските окупатори каде се осудени на смрт и дадени на Димо да ја изврши пресудата. Тројцата другари: Јанко, Живко и Трпе се убиени на најѕверски начин во близината на селото Мало Црско во ноември 1943 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 143.