Жељко Васиќ
Жељко Васиќ (роден на 10 декември 1979 година во Заечар) — српски поп пејач, композитор и текстописец.
Жељко Васиќ | |
---|---|
Роден(а) | 10 декември 1979 |
Потекло | Заечар, СФРЈ |
Жанрови | поп-музика |
Занимања | пејач, текстописец |
Инструменти | вокал |
Животопис
уредиСвојот музичкиот талент го наследлил од својот татко кој исто така е музичар кој свири на гитара. Неговиот музички пат започнал кога имал само девет години и се запишал на музичко училиште кое успешно го завршил. Потоа се преселил во Белград каде запишал на средно музичко училиште кое исто така успешно го завршил.
Васиќ започнал да настапува по Белградските клубови и сплавови, во 2001 година го имал својот прв јавен медиски настап на фестивалот „Сунчане скале” со песната од Владо Георгиев, Жена као ти. Песната станала популарна помеѓу публиката. Во 2004 година Жељко повторно настапил на фестивалот „Сунчане скале” со песната Пратиш ме у стопу, која исто така ја напишал Владо Георгиев. Истата година Васиќ издал микс сингл во албум под името Intro, Bez milosti, Nisam od juče. Жељко се нашол во сенката на Владо Георгиев, поради тоа што тој бил автор на неговите први песни, но и поради сличните бои на нивните гласови.
По долга издавачка пауза, во 2008 година ја издал песната Само моја која ја напишал Ранко Слијепчевиќ, како најава за втор студиски албум кој иѕлегол истата година. Албумот постигнал голем успех и тој станал автор на неколку песни. По две години го направил својот прв солистички концерт во Сава Центар, а потоа во народниот театар во Нови Сад, каде го претставил новиот сингл Заувек. Годината 2012 дефинитвно ја означила неговата кариера, песнта Воли ме и не воли ме станала мега хит, а потоа летен хит станала и песната Зањиши куковима, потоа следна нова песна му била Жељо једина, која станала една од најслушаните песни на крајот на годината. На радискиот фестивал настапил со песната Тражи песму, а потоа издал нова песна Погледај. Сите овие песни биле издадени на албумот Летњи интермецо.
Фестивали
уреди- 2009 Врњачка Бања - Кад ти затреба
- 2010 Врњачка Бања- Заувек
- 2011 Врњачка Бања- Окренучу свет (победник)
- 2013 Радијски фестивал - Тражи песму
- 2014 Пролече у Београду - Свако има неког кога нема
Приватен живот
уредиОженет е има две деца и живее во Белград.
Дискографија
уредиГодина | Албум | Издавачка куќа |
---|---|---|
2001 | Жена као ти | сингл |
2004 | Интро | BK sound |
2008 | Само моја | Goraton |
2012 | Воли ме и не воли ме, жељо моја једина | синглови |
2013 | Летни интермецо | City Records |
2016 | Нема даље | Pop music |
Надворешни врски
уреди- Biografija Архивирано на 18 мај 2012 г.