Женевски конвенции

(Пренасочено од Женевските конвенции)

Женевски конвенции — низа од четири меѓународна спогодби потпишани во Женева (1864, 1906, 1929 и 1949 година), со што се воспоставени хуманитарни начела според кои земјите потписнички се обврзани да се однесуваат кон непријателските војници и цивили за време на воени судири.[1] Конвенцијата од 1949 година содржи нови одредби за цивилите кои паднале во непријателски раце, а на герилските борци им е дадена широка заштита со два амандмани од 1977 година. Кршењето на Женевските конвенции постоело и постои меѓу завојуваните страни во сите судири. Од тие причини бил основан Меѓународен суд на правдата како и ad hoc основани судови по одлуките на ОН.

Потписници на Женевските конвенции и протоколи

   Потписници на Женевските конвенции I - IV и протоколите I - III
   Потписници на Женевските конвенции I - IV и протоколите I - II
   Потписници на Женевските конвенции I - IV и протоколите I - III

   Потписници на Женевските конвенции I - IV и протоколот I
   Потписници на Женевските конвенции I - IV и протоколот III
   Потписници на Женевските конвенции I - IV , без протоколи

Женевската конвенција од 1864 година, страниците со потписи и печати
Оригинален документ од првата Женевска конвенција во 1864 година во ПДФ формат

Најголем придонес за подобрување на положбата на ранетите, болните и бродоломниците секако бил направен со усвојувањето на Женевската конвенција од 1949 година. Со Првата женевска конвенција значително била проширена заштитата на ранетите и болните во вооружените судири на копно, додека со Втората женевска конвенција била подобрена заштитата на ранетите, болните и бродоломниците на море. Меѓутоа, овие конвенции се ограничиле главно на ранетите, болните и бродоломниците во вооружените судири, а нивниот главен недостаток бил што наведените поими не биле прецизно дефинирани заради што бил спорен и досегот на релевантните одредби. Овие недостатоци било отстранети со дополнителниот протокол I кој во член 8 детално ги дефинира овие термини и го проширува кругот на лица на кои се однесува заштитата:

Под изразот ранети и болни се подразбираат лица, воени и цивилни, на кои заради повреди, болести и други физички или ментални нарушувања или тешкотии им е потребна лекарска помош или нега и кои се воздржуваат од секаков акт на непријателство. Под овие изрази исто така се подразбираат жените на породување, новороденчињата и други лица на кои им е неопходна лекарска помош лили нега, како што се слабите и трудниците и кои се воздржуваат од секаков акт на непријателство. Под изразот бродоломници се подразбираат лица, воени и цивилни, кои се наоѓаат во опасност на море или во други води како последица на несреќа која им се случила или брод или воздухоплов на кој се наоѓаат и кои се воздржуваат од секаков акт на непријателство. Овие лица, под услови и понатаму да се воздржуваат од секаков акт на непријателство се сметаат за бродоломници и за време на спасувањето сè додека не стекнат некој друг статус на основа на конвенцијата или овој протокол.

—член 8 на Дополнителниот протокол на Женевската конвенција

Како што се гледа, со протоколот се изедначени воените и цивилните лица. Сепак, треба да се има предвид дека ранетите, болните и бродоломниците кои им припаѓаат на оружените сили, за разлика од цивилите со ист статус, откако ќе паднат во непријателски раце добиваат статус на воени заробеници, така што можат да користат кумулативна заштита. Што се однесува до самата заштита, предвидено е овие лица во секоја прилика да бидат почитувани и заштитени. Со нив во секоја прилика мора да се постапува хумано и да им се обезбеди, во што пократок рок и без никаква дискриминација, лекарска помош и нега која го бара нивното здравје. Изречно е забрането загрозување на нивните животи и личности, а особено убиства, мачење или вршење биолошки опити. Позитивните обврски ја вклучуваат должноста за пронаоѓање и прибирање на непријателските ранети, болни и бродоломници и давање нега на овие лица. За таа цел воената власт може да го повика населението на милосрдие заради доброволно прибирање и негување на овие лица, како и заповедниците на неутралните трговски бродови, за преземање и негување на ранетите, болните и бродоломниците како и заради собирање на мртвите. Исто така, предвидена е обврска на страните во судирот во што пократок рок да се идентификуваат и попишат ранетите, болните, бродоломниците и мртвите кои паднале под нивна власт, и преку своите национални бироа, овие податоци да ги достави до Централното биро на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Женева.

Историја

уреди
 
Напредување на Женевските конвенции од 1864 до 1949 година
 
Постер на Црвениот крст од Првата светска војна.

Швајцарскиот стопанственик Анри Динан ги посетил ранетите војници после Битката кај Солферино во 1859 година. Бил шокиран од недостатокот на објекти, персонал и медицинска помош која им била на располагање на тие војници. Како резултат на тоа, ја објавил книгата Сеќавање на Солферино во 1862 година, која се занимава со ужасите на војната.[2] Неговите воени искуства го инспирирале Динан да предложи:

  • Основање на постојана агенција за хуманитарна помош за време на војна
  • Договор на владите со кој ѝ се признава неутралност на оваа агенција и ѝ се овозможува да дава помош во воените зони

Првиот предлог довел до воспоставување на Црвениот крст во Женева. Вториот довел до Првата женевска конвенција во 1864 година, првиот кодифициран меѓународен договор кој ги опфаќал болните и ранети војници на бојното поле. На 22 август 1864 година, швајцарската влада ги повикала владите на сите европски земји, како и Соединетите Државаи, Бразил и Мексико, да присуствуваат на официјална дипломатска конференција. Шеснаесет земји испратиле вкупно 26 делегати во Женева. Конференција на 22 август 1864 година ја усвоила Првата женевска конвенција „за подобрување на состојбата на ранетите војници на бојното поле“. Претставниците на 12 држави и кралства ја потпишале конвенцијата:[3][4]

За овие две достигнувања, Анри Динан бил награден со Нобеловата награда за мир во 1901 година.[5][6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „State Parties / Signatories: Geneva Conventions of 12 August 1949“. International Humanitarian Law. International Committee of the Red Cross.
  2. Dunant, Henry. A Memory of Solferino. English version, full text online.
  3. „Convention for the Amelioration of the Condition of the Wounded in Armies in the Field. Geneva, 22 August 1864“. Geneva, Switzerland: International Committee of the Red Cross ICRC. Посетено на 11 јуни 2017.
  4. Roxburgh, Ronald (1920). International Law: A Treatise. London: Longmans, Green and co. стр. 707. Посетено на 14 јули 2009.
  5. Abrams, Irwin (2001). The Nobel Peace Prize and the Laureates: An Illustrated Biographical History, 1901–2001. US: Science History Publications. Посетено на 14 јули 2009.
  6. The story of an idea Архивирано на 31 мај 2019 г., film on the creation of the Red Cross, Red Crescent Movement and the Geneva Conventions

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди