Естерјетланд (швед. Östergötland) или Остроготија (лат. Ostrogothia) е традиционална покраина (landskap) на југот на Шведска. Се граничи со покраините Смоланд, Вестерјетланд, Нерке, Седерманланд и Балтичкото Море. Административниот округ Естерјетланд ја покрива сета покраина и делови од соседните покраини.

Естерјетланд
Östergötland
Знаме на Естерјетланд ÖstergötlandГрб на Естерјетланд Östergötland
ЗемјаШведска
КрајЈеталанд
ОкрузиЕстерјетланд
Еребру
Површина
 • Вкупна3,856 км2 (1,489 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно424,333
 • Густина110/км2 (290/ми2)
Народност
 • Наречјаисточнојетски
јетамол
Култура
 • Цветсинчец
 • Животно
 • Птицацрвеноклун лебед
 • Рибаштука
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Географија уреди

 
Типична естерјетландска рамница

Во средишниот дел на покраината се протега раминцата Естјотската рамница (Östgöta-slätten) во правец исток-запад. Прекриена е главно со обработливо земјиште. Во јужниот дел, покраината е ридеста, со многу езера. Северните предели исто така се ридести, со доста пошумени делови.

Источното крајбрежје на Естерјетланд гледа во архипелаг од поголеми и помали острови со вкупна површина од 118 км². Во копното навлегува заливот Бровикен, а понатаму се сместени позначајните острови како Курсе, Гренсе, Арке, Дјурсе, Иксне, Фине, Емте, Фонге и Стура Оле.

По традиција, регионот се дели на две половини, источно и западно од реката Стонгон, која тече од југ кон север во езерото Руксен кај Линшепинг.

Покраината ја пресекува и источниот дел на каналот Јета, и тоа од Балтичкото Море кај Мем до езерото Ветерн кај Мутала.

Највисока планина во Естерјетланд: Стенабохејден (327 м), а најголемо езеро: Ветерн (второ по големина во земјата)

Денес најголем град во покраината е Линшепинг, а втор е Норшепинг. Помали места од значење се Хенинге (едно од најстарите места во Естерјетланд), Вадстена, Финспонг и Отвидаберг.

History уреди

 
Црковната камбанарија во Бјелбо.

Естерјетланд (татковината на Остроготите) првпат се споменува во делото „Гетика“ од готскиот историчар Јордан.

Преданијата за Естерјетланд датираат од викиншко време, недокументираното железно време, па дури и порано кога областа била потполно самостојна со свои кралеви. Се смета дека прочуениот викиншки воин Беовулф веројатно бил од Естерјетланд. Областа имала свои закони, кои важеле и во средниот век, како дел од христијанска Шведска во доцното железно време и раниот среден век. Династиите Сверкери и Фолкунзи одиграле клучна улога во обединувањето на Шведска.

Во покраината има околу 50.000 археолошки наоѓалишта со различна големина. Од нив 1.749 се гробишта.

Најважни индустриски градови во минатото биле Норшепинг (каде денес се произведува Ericsson), Линшепинг (каде SAAB има фабрика за воени виони), Финспонг (металургија) и Мутала (машинство).

Знаменитости уреди

 
Покраинскиот музеј во Линшепинг

Во Естерјетланд има неколку стари цркви и многу замоци и дворци отворени за јавноста. Екенес е еден од најдобро зачуваните ренесансни замоци во Шведска, дом на властелините од семејствата Стуре и Банер. Лефстад бил дом на семејството фон Ферсен потекнува од раниот XVII век. Вадстенскиот замок (изгр. 1545–620) бил резиденција на кралската династија Васа, и претставува комбинација од тврдина и ренесансен замок.

Врета е првиот женски манастир во земјата, основан на почетокот на XII век, а Вадстена бил најважниот женски манастир во средновековна Шведска. Најзначани црковни рушевини има во Алвастра, близу планината Омберг и езерото Токерн.

Катедралата во Линшепинг е втора по големина во земјата. Изградена е во средниот век и е многу добро зачувана.

Евралид - последниот дом на нобеловецот Вернер фон Хејденстам.

Во покраината има неколку музеи, како, Музејот на шведската радиодифузија, Военовоздухопловниот музеј на Шведска, Манастирскиот музеј „Света Бригита“, Музејот на работата и Музејот на моторни возила во Мутала.

Рунскиот камен во Рек е еден од најпознатите вакви споменици, значаен по тоа што содржи најдолг врежан рунски текст на светот. Денес се чува во локалната црва. Каменот се смета за прво шведско книжевно дело, а со тоа и темелник на шведската книжевност.

 
Замокот Екенес
 
Поранешна индустриска инфраструктура во Норшепинг
 
Домот Евралид со поглед кон  езерото Ветерн
 
Каналот Јета кај Седершепинг
 
Тидерсрумската црква, најстарата дрвена црква во Шведска
 
Вадстенскиот замок во Вадстена
 
Катедралата во Линшепинг
 
Женскиот манастир Врета (ран XII век)

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

58°25′N 15°45′E / 58.417° СГШ; 15.750° ИГД / 58.417; 15.750