Синчец
Синчец (науч. Centaurea cyanus) — едногодишно скриеносемено растение од семејството главоцветни, домородно во Европа. Се наоѓа по должината на рабовите на шумите, покрај патиштата како плевел, во зеленчуковите градини и полињата со житни култури.[1]
Синчец | |
---|---|
Синчец | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Ѕвездовидни |
Семејство: | Главоцветни |
Род: | Различник |
Вид: | Синчец |
Научен назив | |
Centaurea cyanus L. |
Опис
уредиСинчецот е едногодишно растение што расте 40 — 90 см, со сиво-зелени разгранети стебла. Лисјата се копјевидни и долги 1 — 4 см. Цветовите најчесто се со изразена сина боја. Синиот пигмент е протоцијанин, кој во розите е црвен. Цвета цело лето.[2][3][4]
Употреба
уредиЧај од синчец се употребува за подобрување на апетитот и јакнење на организмот. Ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб, влијае диуретично поради што се дава при заболувања на уринарните органи.
Синчецот може да се употребува и за промивка на очите, при конјуктивит и блефарит, како и за козметички цели — за освежување и јакнење на кожата.[5]
Наводи
уреди- ↑ „синчец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Rose, Francis (1981). The Wild Flower Key. Frederick Warne & Co. стр. 386–387. ISBN 0-7232-2419-6.
- ↑ Lauber, Konrad; Wagner, Gerhart (1996). Flora Helvetica (германски). Berne: Paul Haupt Verlag. стр. 1152. ISBN 3-258-05405-3.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Синчец — Centaruea cyanus“. Билки Лековити и Народна Медицина. Посетено на 2021-04-09.
Надворешни врски
уреди„Centaurea cyanus“ на Викивидовите ? |
„Синчец“ на Ризницата ? |
- Flora Europaea: Centaurea cyanus
- UK Biodiversity Action Plan: Centaurea cyanus
- Briefing sheet on Centaurea cyanus from page [1] Архивирано на 1 јануари 2017 г.