Ермис Лафазановски
Ермис Лафазановски (8 декември 1961, Клуж, Романија -) e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата.[1]
ЖивотописУреди
Ермис Лафазановски е роден на 8 декември 1961 година во Клуж, Романија. Тој е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Член е на Друштвото на писталите на Македонија од 1994 година.[2] На 17 декември 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на македонскиот ПЕН-центар.[3]
Книжевно творештвоУреди
Лафазановски има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“.[2] Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии.
- Половина божилак (раскази, 1992)
- Традиција, нарација, литература (монографија, 1996)
- Благородник (роман, 1997)
- Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999)
- Македонските космогониски легенди (студија, 2000)
- Текст и менталитет (зборник, 2000)
- Опишувач (Магор, 2001)
- Анрополошки дијалози (Магор, 2002)
- Роман за Оружјето (2003)
- Храпешко (2007)
- Недела (2010)
- Историја на луѓето кои умреа од страв (Магор, 2012)
НаводиУреди
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 138.
- ↑ 2,0 2,1 "Промоција на нов роман од Лафазановски", Дневник, година XVI, број 5028, петок, 30 ноември 2012, стр. 21.
- ↑ „Ермис Лафазановски -претседател на македонскиот ПЕН“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 23.
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |