Кале (Ени Маала)
Кале (грчки: Γαλές, Φρούριο Αετού, Φρούριο Πετρωτού) — средновековна утврдена населба кај селото Ени Маала, Солунско, Егејска Македонија.[1]
Γαλές | |
Место | Ени Маала, Солунско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°48′49″N 22°53′09″E / 40.8136° СГШ; 22.8859° ИГД |
Вид | утврдена населба |
Историја | |
Раздобје | среден век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | урнатини |
Прогласено за | споменик на културата |
Местоположба
уредиОстатоците од тврдината се наоѓаат а низок рид наречен Кале (Καλές или Γαλές) источно од Ени Маала, на источниот брег на реката Галик на местото каде во неа се влева Куру.[1]
Историја
уредиНиколаос Муцопулос во 2004 г. го поистоветува ова месото со тврдината Аетос, спомената во еден единствен извор — византискиот историчар Никифор Вриениј од XII век. Во неговиот труд „Историски белешки“, Вриениј говори за постоењето на тврдината во расказот за поразот на узурпаторот Никифор Василак од младиот војсководец Алексиј Комнин во 1078/79 г.[2] Текстот на Вриениј (книга D,19) гласи:[1]
„ | ... вон градот. Откако го напуштија правиот пат... тие пројдоа низ таканаречениот Лете, откаде тргнаа накај реката, која мештаните ја нарекуваат Галик, ја преминаа близу до тврдината Аетос и навлегоа во рамницата.[1] | “ |
Тврдината е изградена во средновизантискиот период, пред крајот на XI век. Може да е подигната за време на царот Роман I Лакапин, во првите децении на X век кога во Македонија се изградени многу тврдини со цел да се зајакне одбраната против војските на бугарскиот цар Симеон I. Друг можен период е почетокот на IX век, за време на царот Михаил II меѓу 820 и 828 г., кога се знае дека во Македонија се граделе разни тврдини, повторно за одбрана од бугарската закана.[1]
На местото не се вршени продлабочени проучувања.[1] Во 1986 г. наоѓалиштето е прогласено за споменик на културата.[3]
Опис
уредиТврдината има тлоцрт по оската северозапад - југоисток. Ѕидините имале обиколка од 300 м, а внатрешноста зафаќала површина од нешто над 0,5 ха. Ова е релативно голема површина за тоа време, што значи дека на ридот имало и населба, а не само одбранбена градба. Во прилог на оваа претпоставка е фактот што ниту бедемот не бил особено силен, ниту ридот особено недостапен. На највисоката точка доминира масивна правоаголна кула, зачувана до значителна висина од 3 м, и се гледа од далечина. Има димензии од 8 × 8,5 м, со ѕидови дебели 2 м. Изградена е од варовник со вметната керамика во меѓупросторот, сето врзано со варов малтер. На приземниот кат на кулата од јужната страна се гледа долга тесна цистерна со димензии 2,5 × 0,8 м. Бедемот е во многу полошба состојба од кулата. Голем дел од овие ѕидини е прекриен со растителност, но нивните црти сепак се гледаат. Најзачуван дел на обѕидието е од југ-југоисток со дебелина од 1,5 м и висина не повеќе од 1 м. Оваа страна на тврдината е одвоена со мал срт од соседниот рамен рид и била најранлива. Останатите страни на тврдината имаат стрмен наклон и обезбедуваат природна заштита. Во и вон тврдината се гледаат неколку купишта од камења, кои очигледно се остатоци од градби. На неколку метри северно до кулата, близу северната ѕидина има јама длабока околу 3 м, која може да била таен тунел.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Φρούριο Αετού ή Φρούριο Πετρωτού“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 11 декември 2022. no-break space character во
|title=
во положба 16 (help) - ↑ Μουτσόπουλος, Νικόλαος Κ (2004). Άγνωστα βυζαντινά κάστρα της Μακεδονίας. Εκδόσεις Νησίδες. стр. 107–124.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/59168/2199 π.ε./1-2-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 13 мај 2023.