Елена Деле Дон (англиски: Elena Delle Donne; Вилмингтон, 5 септември 1989 година ) е американска кошаркарка која игра кошарка во рамките на Женската национална кошаркарска асоцијација за клубот Вашингтон мистикс.

Елена Деле Дон 2014. године

Младост

уреди

Елена е родена на 5 септември 1989 г. во Вилмингтон. Како дете покажала талент за кошарка и се борела против брзиот раст пред тинејџерските денови.[1][2] Таа има постара сестра, Лиза, која е родена слепа и глува, а има и церебрална парализа и аутизам .[1]

Кошарка во средно училиште

уреди

Националното признание како средношколска кошаркарска ѕвезда го стекнала на Академијата Урсулин, која ја посетувала во Вилмингтон. Таа го водела својот тим на државното првенство.[3] Таа била првата и единствена кошаркарка на Академијата Урсулин која постигнала повеќе од 2.000 поени во кариерата толку брзо и исто така го соборила националниот рекорд во шут за три поени во сезоната 2015/2016 .[4] Таа била поканета од сеамериканската организација ВБЦА во 2007 година. На средношколскиот турнир ВБЦА постигнала 17.поени и го освоила МВП признанието.[5][6]

Покрај кошарка, таа играла и одбојка во средно училиште. Таа го освои Државното првенство во одбојка во 2007 година со својот тим.

Кариера на факултет

уреди

По одличната кошаркарска кариера во средно училиште, таа добила стипендија за студирање на Универзитетот во Конектикат. Во почетокот на јуни 2008 година таа ја напуштила летната школа на Универзитетот во Сторс, по само два дена посетување, бидејќи не била подготвена да се раздели од семејството.[7] Елена е прилично блиска со своето семејство, особено со нејзината постара сестра Лиза, која има церебрална парализа и е родена слепа и глува. Поради семејни врски, таа направила слична пауза во средно училиште во 2007 година.[8]

Таа одлучила на 2 јуни 2009 година да игра кошарка за тимот на Blue Hens .[9]

ВНБА кариера

уреди

По средношколската кариера, Елена играла за Чикаго Скај во сезоната 2012 година. На нејзиниот прв натпревар, таа постигнала 22 поени против тимот на Биртини Гринер и исто толку во вториот натпревар против Феникс Меркјури .[10] Во сезоната 2014 таа одиграла само 16 натпревари. За време на плејофот, таа му помогна на својот тим да ја победи Аталанта Дрим во првото коло, постигнувајќи 34 поени. Таа го водела својот тим до финалето на ВНБА каде што загубија од Феникс Меркјури .[11][12]

Во 2017 година таа го напуштила Чикаго Скај, и играла за Вашингтон Мистик . На 14 мај 2017 година таа го одиграла својот прв натпревар за Вашингтон Мистик во кој постигна 26 поени и го предводела својот тим до победа против Сан Антонио Старс .[13] На 19 мај 2017 година таа постигнала 27 поени, најмногу во сезоната кога нејзиниот тим загуби од Лос Анџелес Спаркс .[14]

Кариера надвор од САД

уреди

Како и повеќето кошаркарки на ВНБА, Елена играла надвор од државата за време на паузата од ВНБА првенството. Паузите прво ги искористила за да се грижи за својата болна сестра Лиза, а во 2017 година таа потпишала договор со кинескиот тим Шанкси со кој играла сè додека не заболи од Лајмска болест поради што била принудена да се врати во САД .[15][16]

Приватен живот

уреди

Елена е родена на 5 септември 1989 година во Вилмингтон . Нејзиниот татко Ерни има своја градежна компанија, а нејзината мајка Џони е домаќинка. Нејзиниот постар брат Џин играл фудбал на колеџ. По дипломирањето во 2009 година, Елена се вратила во Вилмингтон да работи во друштво на нејзиниот татко.[17] Во 2008 година на Елена и е дијагностицирана Лајмска болест .[18]

Статистика

уреди
 
Елена Деле Дон со златен медал освоен на Универзијадата во Кина
 
Елена со Шерил Свопс

Колеџ

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2009-10 Delaware 29 28 37.5 47.9 41.3 89.8 8.8 1.9 1.3 2.0 26.7
2010-11 Delaware 22 21 35.6 41.9 35.0 94.4 7.8 1.8 0.9 2.6 25.3
2011-12 Delaware 33 32 33.8 52.0 41.3 88.9 10.3 2.2 1.1 2.6 28.1
2012-13 Delaware 30 30 33.0 48.7 45.2 92.1 8.5 1.8 0.9 2.3 26.0
Каријера 4 година, 1 тим 114 111 34.9 48.1 40.9 91.0 8.9 1.9 1.0 2.3 26.7

ВНБА сезона

уреди
ВНБА рекорд
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2013 Чикаго скај 30 30 31.4 42.6 43.8 .929 5.6 1.8 .7 1.8 18.1
2014 Чикаго скај 16 9 25.4 42.9 36.4 93.3 4.0 1.1 .6 1.4 17.9
2015 Чикаго скај 31 31 33.3 46.0 31.3 95.0 8.4 1.4 1.1 2.0 23.4
2016 Чикаго скај 28 28 33.1 48.5 42.6 93.5 7.0 8 1.4 1.5 21.5
2017 Вашингтон мистик 25 25 30.3 49.4 38.8 95.3 6.8 1.6 .8 1.4 19.7
Каријера 130 123 31.3 46.1 38.2 94.1 6.6 1.6 .8 1.7 20.4

Плејоф на ВНБА

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2013 Чикаго скај 2 2 32.0 .381 0.0 91 3.5 2.0 0.5 2.0 15.0
2014 Чикаго скај 9 9 31.0 48.2 37.9 91.9 3.3 1.6 0.3 1.5 16.8
2015 Чикаго скај 3 3 36.3 50.0 43.8 91 6.3 2.0 0.7 1.0 21.7
2017 Вашингтон мистик 5 5 34.8 44.9 44.4 95.7 8.0 2.0 0.0 0.8 20.0
Каријера 4 године, 2 тима 19 19 32.8 46.7 39.4 95.3 5.1 1.8 0.3 1.3 18.2

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Brodesser-Akner, Taffy (22 ноември 2016.). „The Audacity of Height“. ESPN.com. Посетено на 10 декември 2016.. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. Ain, Morty (6 јули 2016.). „Delle Donne on battling Lyme disease and her biggest inspiration“. ESPN The Magazine. Посетено на 10 декември 2016.. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „Women's Basketball Recruiting“. Girlshoops.scout.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-27. Посетено на 17 април 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Delle Donne happy to be back“. ESPN. 16 октомври 2009. Посетено на 21 февруари 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „WBCA High School All-America Game Box Scores“. Women's Basketball Coaches Association. Архивирано од изворникот на 15 јули 2014. Посетено на 29 јуни 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. „WBCA High School All-America Game Team MVP's“. Women's Basketball Coaches Association. Архивирано од изворникот на 15 јули 2014. Посетено на 29 јуни 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  7. Farnum, Amy (26 декември 2011.). „Delle Donne back to superstar form“. NCAA. Архивирано од изворникот на 24 мај 2013. Посетено на 28 декември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. Nelson, Glenn (6 јули 2007.). „Recruiting pressure forces Delle Donne to take hiatus“. ESPN. Посетено на 17 април 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Elena Delle Donne“. WNBAdraft.net. 1 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 30. 03. 2013. Посетено на 11 октомври 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  10. „Chicago Sky vs. Phoenix Mercury - Recap“. ESPN. 27 мај 2013. Посетено на 13 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. Tresolini, Kevin (25 септември 2014.). „Elena Delle Donne hopes home cooking will be the cure“. USA Today. Посетено на 25 ноември 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Sky need big year from Delle Donne“. ESPN. 2 јуни 2015. Посетено на 25 ноември 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. Sunday, May 14, 2017
  14. Staples Center Friday, May 19, 2017
  15. Delle Donne, Elena (12 август 2015.). „Lizzie: Letter to my Younger Sister“. The Players Tribune. Посетено на 9 февруари 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  16. „Elena Delle Donne returning to U.S. after Lyme disease flare-up“. ESPN.com. Associated Press. 25 јануари 2017. Посетено на 1 февруари 2017.. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  17. Hays, Graham (5 декември 2012.). „Comfort Zone“. espnW. Посетено на 5 декември 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. Delle Donne opens up about battling Lyme disease

Надворешни врски

уреди