Економија

Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Поведение · Информациска
Економетрија · Развојна
Опитна · Теорија на игрите
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здравство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Портал економија

Опитна економија (експериментална економија) — примената на опитни методи[1] за проучување на економските прашања. Податоците собрани од опитите се употребуваат за проценување на големината на ефектот, за проверување на точноста на економските теории и да се обелоденат пазарните механизми. Економските опити најчесто употребуваат пари за да ги мотивираат тестираните субјекти, односно да се имитира реалниот свет. Опитите се употребуаат да би се разбрало како и зошто пазарите и другите системи за размена фунционираат на начинот на кој функционираат.

Клучен аспект на субјектот е осмислувањето на опитот. Опитите можат да бидат спроведени на терен или во лабораториски услови, без разлика дали се работи за поединечно или групно однесување.[2]

Помеѓу различните варијанти на предметот, надвор од формалните граници,се вклучени природните и квазиприродните опити.[3]

Теми на опит

уреди

Економските опити можат основно да се класифицираат со употреба на следните теми:

Координативни игри

уреди

Координативните игри се игри со повеќе стратегии на нешовата рамнотежа. Постојат два општи прашалници кои опитната економија најчесто ги поставува кога ги испитува ваквите игри: 1. Дали лабораториските субјети можат да се координираат, или да најучат да се координраат на една од повеќе рамнотежни точки, и доколку можат, дали постојат општи принципи кои можат да помогнат во предвидувањето која рамнотежна точка има поголеми шанси да биде избрана? 2. Дали лабораториските субјекти можат да се координираат или да научат да се координираат на најдобрата рамнотежа на Парето, и доколку не можат, дали постојат услови или механизам кој би им помогнал на субјектите да се координираат на најдобрата паретова рамнотежа? Принципите на дедуктивната селекција се оние кои дозволуваат предвидувања засновани на својствата на самата игра. Принципите на индуктивната селекција се оние кои дозволуваат предвидувања засновани на карактеризацијата на динамиката.

Учење на опити

уреди

Во теоријата на игрите при двајца или повеќе играчи, субјектите често формираат верувања околу тоа за која акција размислува другиот играч и овие верувања постојано се надоградуваат. Ова е посзнато како учење на верувањето. Субјектите, исто така, имаат тенденција да ги донесуваат истите одлуки кои во минатото им биле исплатливи. Ова е познато како учење на засилување.

Пред 1990-тите, најчесто користени биле едноставните приспособени модели како курнатова конкуренција или фиктивна игра. Во средината на 1990-тите, Алвин Рот и Идо Ирев демонстрирале дека учењето на засилување може да создаде корисни предвидувања во опитните игри. Во 1991, Колин Камерер и Тек Хо го претставиле моделот на измерена искуствена привлечност (ИИП), општ модел кој вклучувал засилување и учење на верување и покажал дека фиктивната игра е математички еквивалент на општото засилување.

Помеѓу критиките за ИИП се и пренатрупаност со оглед на многуте параметри, недостатокот на општо правило пред игрите и можноста да интерпретацијата на ИИП параметрите биде тешка. Пренатрупаноста се однесува на проценката на параметри на некои опитни периоди или опитни субјекти и присилено однесување во останатите примероци. Општите правила во игрите се однесуваат на замената на поправени параметри со функции кои имаат самостојно подесување, дозволувајќи им на псевдо-параметрите да се променат во текот на играта и, исто така, систематски да варираат низ игрите.

Модерните економски опити имаат забележителни успеси. Роберто Вебер го покренал прашањето за учење без повратна врска. Дејвид Купер и Џон Кегел ги истражувале видовите на учење преку слични стратегии. Ајдо Ерев и Грег Барон го изучувале учењето во когнитивните стратегии. Дејч Стал го окарактеризирал учењето преку правилата на одлучување.

Пазарни игри

уреди

Се верува дека Едвард Чамберлин го спровел „не само првиот пазарен опит, туку и првиот било како економски опит“.[6] Вернон Смит, засновајќи се на работат на Чамберлин, ги спровел пионерските економски опит за сосредоточувањето на цените и квантитативноста на нивната теоретски конкурентна рамнотежа на вредностите во пазарните опити.[6] Смит го изучувал однесувањето на потрошувачите и продавачите на кои им е кажано колку го вреднуваат фиктивното добро и потоа им е наложено конкурентно да „надаваат“ или „прашуваат“ за овие добра, следејќи ги правилата на различни реални светски пазарни инситуции (на пример англиска и холандска аукција). Смит открил дека во некои форми на централизирано тргување, цените и количините продавани/купувани на овие пазари конвергираат за вредноста која би била предвидена од економската теорија на совршена конкуренција.

Низ годините, Смит пионирал, заедно со неколку сорабоници, во употребата на контролирани лабораториски опити во економијата и ги воспоставил како легитимна алатка во економијата и другите поврзани истражувани полиња. Чарлс Плот од „California Institute of Technology“ соработувал со Смит во 1970-тите и пионирал во опити во политичката наукам како и во употрбата на опити во економското осмислување. Во 2002, на Смит му била доделена (заедно со Даниел Канемен) наградата „Bank of Sweden Prize in Economic Sciences“ за „поставување на лабораториските опити како алатка во емпиријалните економски анализи, особено во изучувањето на алтернативните пазарни механизми“.

Финансии

уреди

Опитните финансии ги изичуваат финансиските пазари со цел да воспостават различни пазарни својства и окружувања за опитно да набљудуваат и да го анализираат однесувањето на посредниците и одликите на трговските текови, информациската дифузија и агрегација, ценовниот механизам и процесот на враќањето на средствата. Денес, истражувачите користат симулационен софтвен за да ги спроведат нивните истражувања.

Наводи

уреди
  1. Вклучувајќи статистички, економетриски и компјутерски. Алвин Рот, 2002. „Економистот како инженер: Игра на теории, екпериментирање и комјутеризирање како алатки за осмислување на економијата“, Econometrica, 70(4), стр. 1341–1378 Архивирано на 12 јануари 2012 г..
  2. • Вернон Смит, 2008a. „Опитни методи во економијата“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание, Апстракт.
       • _____, 2008b. „Опитна економија“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • Релевантни субкатегории се пронајдени во класификационите шифри на Journal of Economic Literature во „JEL classification codes“.
  3. Џ. Динардно, 2008. „Природни опити и квазиприродни опити“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
  4. • Вернон Смит, 1992. „Теорија на игрите и опитна економија: Почетоци и рани влијанија“: во „Кон историјата на теоријата на игри“ од Р. Вејнтрауб“, стр. 241- 282.
       • _____, 2001. „Опитна економија“, International Encyclopedia of the Social & Behavioral Sciences, стр. 5100-5108. Апстракт за секција 1.1 & 2.1.
       • Чарлс Р. Плот и Вернон Смит, 2008. Прирачник од резутати на екперименталната економија, в. 1, „Elsevier“, 4 дел, игри, преглед на поглавје 45-66 врски[мртва врска].
       • Винсент Крафорд, 1997. „Теорија и опитите во анализата на стратегиската интеракција“, во Advances in Economics and Econometrics: Theory and Applications, стр. 206-242. „Cambridge“. Реиздадено во „Напредок на економското однесување“ од Колин Ф. Камерер (2003). „Princeton“. 1986-2003 дела. Опис, содржина и преглед, „Princeton“, поглавје 12.
  5. Мартин Шјубик, 2002. „Теорија на игрите и опитно играње“, во „Прирачник од економско приспособување на теоријата на игри“ од Роберт Омен и Сергиј Харт, „Elsevier“, в. 3, стр. 2327-2351. Апстракт.
  6. 6,0 6,1 Рос Милер (2002). „Paving Wall Street“. Њујорк: „John Wiley & Sons“. стр. 73–74. ISBN 0-471-12198-3. Text " „Paving Wall Street: experimental economics and the quest for the perfect market“ " ignored (help)