Евтихиј Цариградски

Евтихиј Цариградски ( околу 512 – 5 април 582) — сметан за светец во католичките и православните христијански обичаи, и Вселенски патријах од 552 до 565 година, и од 577 до 582. Прославата во православната црква е на 6 април, а се споменува и во католичката црква „Corpus Juris“.[1] Неговото начелствување, во времето на владеењето на царот Јустинијан I, биле одбележани со контроверзии како со царот така и со папата.[2]

Евтихиј Цариградски

Младост

уреди

Евтихијовата кариера е доста добро докумнетирана: целосната биографија, напишана од страна на неговиот капелан Евстатиј Цариградски, е целосно зачувана.[3] Евтихиј е роден во Теиум во Фригија.[4] Неговиот татко, Александар, бил генерал под водство на познатиот тракијско-византиски војсководец Белисариј. Евтихиј станал монах во Амзија на возраст од 30 години. Како архимандрит во Цариград, Евтахиј бил доста почитуван од Мина. Последователно на денот кога Мина починал, Евтихиј бил номиниран од страна на Јустинијан I за да ја заземе неговата служба.[3]

Прв патријархат

уреди

Вигилиј бил во Цариград кого Евтихиј станал патријарх.[5] Евтихиј му го испратил вообичаеното соопштение за неговото назначување и целосна православна поворка од тогаш обединетата црква. Во исто време, папата побарал да раководи со црковниот совет собран за да одлучи за Триглавниот збор.[3] Вигилиј првично дал, а подоцна ја повлекол, својата реч до советот.[5] И покрај одбивањето на папата, советот се состанал на 5 мај 553 година во Константионопол, и Евтихиј првото место го делел со Аполонариј Александриски и Доминиј, наречен Домнус III Антиохиски. На второто заседание, папата се повлекол со изговор дека не се чувствува добро. Потписот на Евтихиј на актите на синодот, кој подоцна бил признат како петтиот вселенски собор и кој завршил на 2 јуни 553 година е збир на укази против Триглавнието.[3]

Евтихиј досега стоел цврсто зад императоот. Го нашпишал указот од соборот против Триглавнието. Во 562 година, ја осветил новата црква Света Софија.[5] Сепак, Евтихиј влегол во насилен судир со Јустинијан во 564 година, кога царот ги прифатил идеите на афтародокетите, секта на нехалкедонци кои верувале дека телото на Исус Христос на земјата било чисто (афтахора) и не чувствувало болка.[3]

Ефтихиј, во долго обраќање, говорел за несовпаѓањето на афтародокетските верувања со оние во светото писмо. Царот Јустинијан инсистирал дека ќе го потпише. Кога Евтихиј одбил да направи компромис, Јустинијан наредил тој да биде упасен. На 22 јануари 565 година, Евтихиј го славел празникот на св. Тимотеј во црквата надоврзана со Хормиздовиот дворец, кога група на војници влегла парохијалното живеалиште, во самата црква, и притоа го одвеле.[6]

Апсење и прогон

уреди

Евтихиј првично бил однесен во манастирот наречен Хоракудисан наредниот ден во манастирот на Св. Озија во близина на Халкедон.[5] Осум денови подоцна Јустинијан свикал собор на принцови и прелати на кој го повикал и Евтихиј. Обвинувањата против него биле незначајни: дека користел креми, јадел одбрани меса, и се молел долги периоди.[7] Откако бил повикан трипати, Евтихиј одговорил дека ќе дојде само доколку тој биде суден канонски, достоинствено, и како раководител на своето свештенство. Осуден однапред, тој бил испратен на остров во Мраморското Море именуван Принципе („Принцов Остров“), а подоцна до стариот манастир во Амасија, каде минал 12 години и 5 месеци.[3]

Враќање и втор патријархат

уреди

По смртта на Јован III Схоластик, кој за вселенски патријарх бил поставен од страна на Јустинијан, жителите на Цариград побарале да се врати Евтихиј. Јустин II го наследил Јустинијан во 565 година и се поврзал со младиот Тибериј. Во октомври 577 година царот пратил делегација до Амазија која требала да го донесе Евтихиј назад во Цариград.[3] Современите извештаи велат дека тој влегол во градот , го пречекала голема група на луѓе, извикувајќи гласно, „Благословен е да тој што доаѓа во името Госпдово,“ и „Слава му на Господа на највисокото, на земјата место“.[3] Имитирајќи го влегувањето на Исус во Ерусалим, тој влегол седнат на магаре, при што платна биле распослани на земјата, толпата носела палмови гранки, играла и пеела. Целиот град бил осветлен, се одржували прослави, и биле пуштени во употреба нови згради.[3]

Следниот ден тој се сретнал со двајцата цари и му била дадена „огромна чест“ во црквата „Пресв. Богородица“ во Влахерна. За подоцна да се упати до големата црква, се искачил до олтарот, благословувајќи многу луѓе. Му биле потребни шест часа да ја одржи службата бидејќи многу од луѓето сакале да се причестат од неговите раце.[3]

Подоцнежни верувања и смрт

уреди

Кон крајот на својот живот, Евтихиј верувал дека по воскресението телото ќе биде „поретко од воздух“ и истото нема да биде опипливо.[3] Ова се сметало за ерес, бидејќи било во спротивност со догмата за физичко и телесно воскреснување. Идниот папа Грегориј, кој во тој период престојувал во Цариград како апрокрисариј, се спротивставил на ова мислење, цитирајќи го Лука 24:39. Царот Тибериј разговарал со заспорените страни одвоени и се обидел да ги помири но тоа се покажало како невозможно.[3]

Евтихиј починал во неделата по Велигден, на возраст од 70 години. Некои од неговите пријатели подоцна му кажале на Папата Грегориј дека неколку минути пред смртта деја ја допрел кожата на својата рака и рекол, „Признавам дека во ова тело ние ќе воскреснеме повторно“,[8].

Негов ученик бил Евстратиј Цариградски кој напишал тракт против бесмртната душа.

Напишани дела од Евтихиј

уреди

Зачувани негови дела се:[3]

  • Писмо до Папата Вигилиј (Жак Пол Миње, Patrologia Latina LXIX, 63, P.G. LXXXVI, 2401)
  • „Discourse on Easter“ (дел) (Mai: Class. Auct. X, 488, and Script. Vet. Nov Coll. IX, 623); и други делови најдени во P.G., LXXXVI.

Наводи

уреди
  1. (Grat., I pars., Dist. XVI, Cap. x)
  2. The chronology of his life followed by Sinclair (and this article) is that fixed by Henschen in his introductory argument to the Life by Eustathius (Sinclair 1911 citing Boll. Acta SS. 6 Ap. i. 550).
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Sinclair 1911.
  4. William Hazlitt, ed. The Classical Gazetteer: A Dictionary of Ancient Geography, Sacred and Profane, (1851) gives only "Theium, a fortress of Athamania, Aetolia, on Achelous fl[umen], n.w. of Cranon;" see also Livy, Book 38.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Fortescue 1909.
  6. Sinclair 1911 cites cf. Charles du Fresne, sieur du Cange, Cpolis. Chr. lib. ii. p. 96, lib. iv. p. 93, ed. 1729)
  7. Fortescue 1909 cirs Eustathius, Vita S. Eutych., 4, 5.
  8. cites Paul. Diac. Vit. Greg. Mag. lib. i. capp. 9, 27-30; Vit. Greg. ex ejus Script
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „FOOTNOTESinclair1911“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Attribution
  •   Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостFortescue, Adrian (1909). „Eutychius I“. Во Herbermann, Charles (уред.). Catholic Encyclopedia. 5. Robert Appleton Company.CS1-одржување: ref=harv (link)
  •   Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственостSinclair, W. M. (1911). „Eutychius“ . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)
Духовни титули
Претходник
Мина
Цариградски патријарх
552–565
Наследник
Јован III
Претходник
Јован III
Цариградски патријарх
577–582
Наследник
Јован IV