Јован IV Цариградски
Јован IV Цариградски (2 септември 595), познат и како Јован Постачот — 33-ти Цариградски патријарх (11 април 582 – 595). Тој бил првиот кој ќе ја преземе титулат Вселенски патријарх. Тој се смета за светец од страна на Источна православна црква која го слави како празник на 2 септември.
Јован IV Цариградски | |
---|---|
Роден(а) | Цариград |
Починал(а) | 2 септември 595, Цариград |
Почитуван(а) во | православие Католицизам Источнокатолички цркви |
Слава | 2 септември |
Јован е роден во цариград како дете на уметници, и истиот работел како вајар. Во 587 или 588 година, ги свикал епископите од истокот во име на „Вселенскиот патријарх“ за да се реши случајот на Грегориј, Антиохиски патријарх, кој бил ослободен од кривичните дела и му било вратено епископувањето. Пелагиј II еднострано ги поништил одлуките на овој собир. Во 593 година, Јован бил под тешко обвинение од страна на Грегориј I затоа што дозволил изаурскиот презвитер Анастасиј, кој бил обвинет за ерес, и било наредено истиот да биде тепан со јажиња во црквата во Цариград.
Во 595 година, настанал спор поврзан со титулата Вселенски патријарх. Грегориј му пишал на својот легат Сабиниј, забранувајќи му да заемоначелсвува со Јован. Во случајот поврзан со презвитерот Атанасиј, кој бил обвинет дека е манихист, и осуден како таков, Грегориј се обидел да покаже дека и самиот овинител е пелагијанист, и дека со неговата негрижа, занемарување или пак грешка на Јован IV, несторијанскиот собор во Ефес бил помешан со правоверниот трет вселенски собор во Ефес.
Дела
уредиИсидор Севиљски (de Script. Eccl. 26) му дава заслуги за едно писмо, кое денес не постои, за крштевањето адресирано до Св. Леандер. Јован, во писмото вели, „не изнесува ништо негово, но ги повторува мислењата на старите отци за тројното потопување.“
Сепак, постојат неколку дела за кои се знае дека се од Јован IV (објавени во Patrologia Graeca том 88):
- Неговото покајание, Libellus Poenitentialis, или пак како што е опишано во книга III од делата на Лав Алатиј, de Consensu Utriusque Ecclesiae (Рим, 1655), Praxis Graecis Praescripta in Confessione Peragenda.
- Instructio, qua non modo confitens de confessione pie et integre edenda instituitur, sed etiam sacerdos, qua ratione confessiones excipiat, poenitentiam imponat et reconciliationem praestet informatur.
- Беседа за покајанието, умереноста и невиноста. Најчесто се печати заедно со Златоустовите беседи, но денес се знае дека не станува збор за Златоустово дело. Монфокон, Вос, и Пирсон смеетат дека станува збор за дело на Јован, додека пак Морел и Савил го издавале како дело на Златоуст.
- Беседа за лажните пророци и и лажната доктрина. Понекогаш ова дело мму се придава на Златоуст, од страна на Питер Вастел до Јован Ериусалимски, но од страна на Вос, Пето и Кејв му се придава како дело на Јован.
- Збирка на правила за еден монах, натпис во Париската библиотека.
Православието во средниот век секогаш му ги препишувало двете први дела на Јован IV Цариградски.
Каноните за постење
уредиВажен дел од каноните од источното православие се заслуга на Јован IV, односно станува збор за т.н. канони на Јован Постачот заедно со Каноникот поврзан со ним. Тие можат да се сретнат во грчките и словенските верзии на канонското право, особено во Балсмоновата збирка и Педалионот на Никодим Светогорец. Германскиот византичар Георг Бекги анализирал каноните и заклучил дека најверојатно истите се напишани делумно од следбеници на Св. Василиј и делумно од страна на Златоуст додека пак Канониконот потекнува од X век. Овие пишувања се интересни бидејќи ги даваат гледиштата за сексуланиот морал пред времето на Тома Аквински, на пример дека содомијата (арсенокоитис) не се сметал како однос меѓу ист пол туку само како анален однос. Содомијата меѓу маж и жена се казнувал построго отколку содомијата меѓу неженети мажи (осум години забрана за причест наместо четири во вториот случај). Заемното онанирање, без разлика дали станува збор за членови на ист пол или не, се казнувал со осумдесет дневна забрана за причест. Ова покажува дека:
- не само што сексот надвор од бракот се смета за грев туку и одредени сексуални дејанија во самиот брак
- истополовиот секс во поглед на содомијата е помало зло отколку навреда.
Наводи
уреди- Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственост: Wace, Henry; Piercy, William C., уред. (1911). . Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link) cites:
- Jacques Paul Migne reproduces the Penitential, the Instructions for Confession, and the Homily on Penitence in Patrologia Graeca lxxxviii. 1089.
- Baronius, ad. ann. 588-593
- Acta Sanctorum (Bollandist) August 1, p. 69
- Fleury, ii. bk. xxxiv. c. 44, etc.
- Ceillier, xi. 427, etc.
- Johann Albert Fabricius, Bibl. Graec. xi. 108, xii. 239.
- Dokos, G., Exomologetarion - A Manual of Confessions by our Righteous God-bearing Father Nikodemos the Hagiorite, 2006, Thessalonica, Uncut Mountain Press
- Agapius & Nicodemus, The Rudder (Pedalion) – All the Sacred and Divine Canons, 1957, The Orthodox Christian Educational Society, Chicago
- Die Geschichte des Christentums, Altertum III, Der Lateinische Westen und der Byzantinische Osten, 2005, Herder, Freiburg
- Beck, H.-G., Kirche und Theologische Literatur im Byzantinischen Reich, 1959, Beck'sche Verlagsbuchhandlung, München
- Nikolaus Thon, Quellenbuch zur Geschichte der Orthodoxen Kirche, 1983, S. 188 ff.
Надворешни врски
уреди- „John the Faster“. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
- „St John the Faster the Patriarch of Constantinople“. Orthodox icon and synaxarion
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Евтихиј |
Цариградски патријарх 582–595 |
Наследник Киријак II |