Европско првенство во кошарка 1935

(Пренасочено од Евробаскет 1935)

Европското првенство во кошарка 1935 година е првото европско првенство во кошарка организирано од ФИБА Европа. На ова првенство учествувале десет државни репрезентации. Евробаскетот 1935 година се одржал во Швајцарија, поточно во Женева во мај 1935 година.

Logo

Конечен распоред уреди

Ранг Тим Бодови Поб. Пор. ДП ПП Раз.
    Латвија 3 3 0 98 49 +49
    Шпанија 3 2 1 64 58 +6
    Чехословачка 3 2 1 65 65 0
4   Швајцарија 4 2 2 111 79 +32
5   Франција 4 3 1 165 103 +62
6   Белгија 3 1 2 76 85 -9
7   Италија 4 2 2 121 101 +20
8   Бугарија 4 1 3 78 125 -47
9   Унгарија 3 1 2 55 85 -30
10   Романија 3 0 3 49 132 -83

Прелиминарна рунда уреди

Пред да започне турнирот, се одржал мал квалификациски натпревар помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија. Натпреварот се одржал во Мадрид. На натпреварот победила Шпанија со 33-12.

Резултати уреди

Прва рунда уреди

Првата рунда имала елиминационен карактер така што три од петте победници оделе во полуфиналето додека последниот полуфиналист се добил преку натпреварот помеѓу Италија и Швајцарија. Поразените не го продолжиле турнирот, туку играле за место за конечниот редослед.

Задебелени букви = победници на натпреварот; закосени букви = финалисти

Шпанија 25 - 17 Белгија
Летонија 46 - 12 Унгарија
Чехословачка 23 - 21 Франција
Италија 42 - 23 Бугарија
Швајцарија 42 - 9 Романија
Швајцарија 27 - 17 Италија

Натпревари за место на конечен список уреди

Во оваа рунда играле шесте тима кои испаднале од првата рунда на првенството. Тие играле за места од 5 до 10 место.

Закосени букви = победник на натпревар

Натпревари за 5-10 место: победниците се избориле за 5-8 место, поразените за 9/10.

Бугарија 22 - 19 Унгарија
France 66 - 23 Romania

Победникот бил 9 место, поразениот 10 место.

Унгарија 24 - 17 Романија

Победниците биле 5/6 место, поразените 7/8.

Франција 29 - 27 Italy
Белгија 29 - 11 Bulgaria

Победникот бил 7 место, поразениот 8.

Италија 35 - 22 Бугарија

Победникот бил 5 место, поразениот 6.

Франција 49 - 30 Белгија

Полуфинале уреди

Задебелени букви = победник на натпревар

Летонија 28 - 19 Швајцарија
Шпанија 21 - 17 Чехословачка

Финале уреди

Не биле доделени медали на првиот Евробаскет.

Задебелени букви = победник на натпревар

3/4 место:

Чехословачка 25 - 23 Швајцарија

Финале:

Летонија 24 - 18 Шпанија 5 мај 1935
Европски првак 1935.
 
Латвија

Прва титула

Надворешни врски уреди