Ивлин Во

англиски писател
(Пренасочено од Евелин Во)

Артур Ивлин Сент Џон Во (англиски: Arthur Evelyn St. John Waugh; 28 октомври 190310 април 1966), познат како Ивлин Во, — англиски писател на романи, патописи и биографии. Тој исто така беше и плоден новинар и критичар. Неговите најпознати дела ги вклучуваат неговите рани сатири „Одбивање и влошување“ (1928год) и „Рака полна прашина“ (1934год), неговиот роман „Враќање во Брајдсхед“ (1945год) и неговата трилогија на романи од Втората светска војна, заедно познати како „Сабјата на честа“ (1952 – 61год). Во, конзервативен католик чиишто погледи често се остро искажани, е широко признаен како еден од најголемите стилисти на прозата од 20 век.[1]

Ивлин Во
Evelyn Waugh
Ивлин Во, фотографиран во 1940 година
Роден/а28 октомври 1903(1903-10-28)
Лондон, Англија
Починат/а10 април 1966(1966-04-10) (возр. 62)
Комби Флори, Сомерсет, Англија
Занимањеписател
Националностбританец
ОбразованиеLancing College, Hertford College, Oxford
ЖанрNovel, biography, short story, travel writing, autobiography, satire, humour
Сопруг/а(1) 1929 Evelyn Gardner (divorced 1930, annulled 1936)
(2) 1937 Laura Herbert
ДецаFour daughters (one died in infancy); three sons
ПотписПодатотека:Evelyn Waugh signature.svg

Синот на еден издавач, Во студирал на Лансинг и Хартфорд Колеџ, Оксфорд, и кратко работел како воспитувач додека да стане комплетен писател. Како млад тој имал многу модерни и аристократски пријателства и развил го вкусот за селското општество кој никогаш не го напуштил. Во 1930-тите тој многу патувал, најчесто како специјален кореспондент на весници; давал извештаи од Абисинија за време на Италијанската инвазија во 1935 година. Тој служел во Британските вооружани сили за време на Втората светска војна, прво во Кралските Маринци а подоцна во Кралската Коњаничка Стража. Целото ова искуство и широкиот спектар на луѓе со кои се среќавал се искористени во неговата белетристика, генерално со хумуристичен ефект; иако неговиот нервен слом во раните 1950-ти, предизвикан од погрешно користење на лекови, беше измислен.

Во го опфаќа католицизам во 1930 година, после пропаѓањето на неговиот прв брак. Неговото традиционално гледиште го водеше до давање на голем отпор за реформирање на Црквата; промените донесени од Вториот Ватикански Совет 1962 – 65 година, особено воведувањето на локалната литургија, многу го вознемири. Овој замав, заедно со зголемената одбивност за „благосостојбната“ култура на поствоениот свет и одразувањето на неговото здравје, ги унесреќија неговите последни години, иако тој продолжи да пишува. Во јавноста тој генерално покажуваше маска на рамнодушност, но тој имаше голема љубезност кон оние кои ги сметаше за пријатели и многу од нив му останаа верни за време на целиот негов живот. После неговата смрт во 1996 година, неговите дела се стекнаа со филмски и телевизиски верзии, како што е „Враќање во Брајдсхед“ во 1982 година.

Бографија

уреди

Семејно потекло

уреди

Ивлин Во е роден во 1903 година од родителите Артур и Кетрин Во, во семејство со англиско, Шкотско, Велшко, Ирско и Хугуенско потекло. Господарот Кокбурн кој се одликуваше со трпеливост (1779 – 1854 год), врвен Шкотски адвокат и судија, Вилијам Морган (1750 – 1833год), предводник на статистичката наука кој служел во Правичниот Живот на Самоувереното Општество цели 56 години, и Филип Хенри Џуси (1810 – 88 год), научник за природата кој стана познат преку неговото претставување како религиозен фанатик на мемоарот на неговиот син Едмунд „Татко и син“. Од оние кои го носеле презимето Во, Александар Во (1754 – 1827год) бил свештено лице во Отцепената Црква на Шкотска која му помогнала при основањето на Лондонското Мисионерско Општество, и беше еден од водечките дисидентски проповедници во негово време. Неговиот внук Александар Во) 1840 – 1906год) бил селски лекар кој ги малтретирал неговата сопруга и деца и станал познат во семејството Во како „бруталецот“. Постариот од неговите два сина, роден во 1866 година, беше Артур Во. По завршувањето во Шерборн Училиштето и во Нов Колеџ, Оксфорд, Артур Во започна кариера во издаваштвото и како литературен критичар. Во 1902 година тој стана управен предводник на Чепман и Хал, издавачи на делата на Чарлс Дикенс. Тој се оженил со Кетрин Рабан (1870 – 1954год) во 1893 година; нивниот прв син Александар Рабан Во (познат како Алек) е роден на 8 јули 1898 година. Алек Во подоцна стана романописец на белешка. За време на неговото раѓање семејството живееше во Северен Лондон, на Хилфилд Роуд, Западен Хемпстед каде што на 28 октомври 1903 година беше роден вториот син, „набрзина уште пред да стигне Д-р Ендрус“, изјавила Кетрин. На 7 јануари 1904 годин момчето беше крстено Артур Ивлин Св Џон Во, но во семејството и пошироко беше познат како Ивлин.

Детство

уреди

Голдерс Грин и Хит Маунт

уреди

Во 1907 година семејството го напушти Хилфиелд Роуд за „Андерхил“, куќа која Артур ја изгради близу Голдерс Грин, полу – рурална област со дневни фарми, градини и шуми со див зумбул. Ивлин своите први часови ги прими дома од својата мајка, со која тој воспостави особено блиска врска – Артур Во беше подистанцирана фигура, чијашто врска со постариот син Алек беше таква што Ивлин често се чувствуваше отфрлен. Во Септември 1910 година Ивлин тргна во подготовното училиште во Хит Маунт. До тогаш тој беше живо дете со многу интереси кое веќе го имаше напишано својот прв расказ, „Клетвата на коњската раса“. Во помина шест години во Хит Моунт; според неговото тврдење тој беше „доста паметно момче“, кој беше ретко незадоволен или преплашен од часовите. Надвор од училиштето, Во и другите деца од соседството изведуваа драматуршки дела обично пишувани од него. Во основата на верувањето, кое тогаш се негуваше во печатот, дека Германците ќе ја нападнат Англија, тој ги организира своите пријатели во банда наречена „Револверната војска“, која изгради тврдина, отиде на маневри и парадираше во импровизирани униформи. Откако во 1914 година заврши Првата светска војна, Во и други момчиња од Машката Извиднича Група на Хит Моунт понекогаш работе како курири во Воената Пошта. Семејните одмори обично беа поминувани со тетките на Во Мидсомер Нортон, во куќа која беше осветлена со ламби на масло на коишто Во се задоволство се сеќаваше многу години подоцна. Во Мидсомер Нортон тој многу се заинтересира во високо Англиските црковни ритуали – првите возбудувања на спиритуалната димензија која подоцна може да доминира во неговиот живот – и служеше како олтарно момче во локалната Англиска црква. За време на неговата последна година во Хит Моунт воведе и уреди училиштен весник, наречен „Циникот“.

Лансинг

уреди

Алек Во, како татко му, одеше во Шерборн училиштето и се сметаше дека и Ивлин треба да го следи тој пат. Меѓутоа, во 1915 година Алек беше избркан од училиштето откако неговата хомосексуална врска излезе на виделина. Тој замина на воен тренинг и додека чекаше да се потврди неговото овластување тој напиша роман за неговиот школски живот, „Разбојништвото на младоста“, кој беше издаден од Чапмен и Хал. Романот, кој се однесуваше на хомосексуалните врски по што беше и препознатлив Шерборн, предизвика јавна сензација и толку го навреди училиштето што за Ивлин беше невозможно да оди во него. Повеќе поради неговата вознемиреност тој беше испратен во Лансинг во мај 1917 година, според неговото гледиште дефинитивно инфериорно основање. Во наскоро ја надмина својата одбивност кон училиштето и се привикна. Тој почна да гради репутација како естет и во ноември 1917 година имаше есеј кој се викаше „Во одбрана на Кубизмот“ прифатен од уметничкиот магазин Цртање и Дизајн – неговиот прв објавен член. Во училиштето тој стана малку подмолен, иронизирајќи ги училишните кадетни корпуси и основајќи го Корпус Клубот „за оние кои се изморени од животот“. Завршувањето на војната го пресече враќањето на младите господари во училиштето како што е Џ. Ф. Роксбург, кој го охрабри Во да пишува и му предвиде убава иднина. Биографијата на Роксбург (кој потоа беше првиот главен предводник на Стоу Училиштето) беше последното дело кое имаше литературен преглед од Во, во „Надгледувачот“ на 17ти Октомври 1965 година. Друг ментор, Францис Крис, го научи Во за уметностите на калиграфијата и декоративниот дизајн; некои од делата на момчето беа доволно добри за да бидат искористени од Чапмен и Хал. Во неговите подоцнежни години во Лансинг, Во постигна конвенционален успех, станувајќи водич, уредник на училишниот весник, претседател на дебатното општество и добивајќи бројни награди за уметност и литература. Тој исто така ги изгуби повеќето од неговите религиозни верувања. Тој започна роман за училишниот живот, безнаслов, но после 5 000 напишани збора тој го напушти трудот. Тој ги заврши своите школски денови со добивање на стипендија на Хартфолд Колеџ, Оксфорд, и во декември 1921 година го напушти Лансинг.

Оксфорд

уреди

Во пристигна во Оксфорд во јануари 1922 година. Набрзо тој им пишуваше на неговите стари пријатели од Лансинг за задоволствата кои тој ги имаше во неговиот нов живот; тој му пишал на Том Дриберг: „Оведе не работам и не одам во Црква“. За време на неговите први два семестри тој генерално тој го следеше договорот; пушеше луле, везеше велосипед, јадеше слатки и даде свој прв говор во Унијата на Оксфорд, спротивстувајќи се на движењето дека „На овој дом му е добредојдена забрана“.Во напиша извештаи за дебатите на Унијата за двата весници на Оксфорд, Чирвел и Ајсис, и беше во улога на филм критичар за Ајсис. Тој исто така стана секретар на дебатното општество на Хартфолдскотк училиште, „едено големо но не почесно работно место“, му рекол тој на Дирберг. Иако Во се стремеше да ја задржи неговата стипендија како награда а не како отскочна даска за академски успех, тој направи доволно напори во првите два семестри за да ја положи „Историјата на претходните“ или прелиминарните испити. Пристигнувањето на софостицираниот Етониас Харолд Ектон и Брајан Ховард во Оксфорд во октомври 1922 година го промени животот на Во Оксфорд. Ектон и Ховард многу брзо станаа центарот на авангардниот круг познат како Хипокрити, чиишто уметнички, социјални и хомосексуални вредности беа прифатени од Во со голем ентузијазм; подоцна тој напиша: „Ова беше сузбивачки терен за половината на мојот Оксфордски живот“. Тој почна многу да пие и се препушти на првото од неколкуте хомосексуални врски, од кои најдолги му беа оние со Ричард Парс и Аластер Грахам. Тој продолжи да пишува прегледи и кратки раскази за весниците на универзитетот и разви репутација на талентиран графички уметник. Оваа запоставеност водеше до поголема караница со професорот по историја на Во, Крутвел , декан (а подоцна и директор) на Хартфорд Колеџ. Кога Крутвел го советува да ги подобрува своите патишта, Во му одговори на начин за кој подоцна призна дека бил „идиотски арогантен“, со што врската меѓу нив двајца се претвори во заемна омраза. Во ја продолжи караницата долго после неговото завршување во Оксфорд, употребувајќи го името на Крутвел во неговите рани романи. Развртничкиот начин на живот на Во продолжи и за време на неговата последна година во Оксфорд, 1924тата година. Едно писмо кое е напишано таа година до еден пријател од Лансинг, Дадли Кеар, алудира на неколку емоционални притисоци: „Живеев многу интензивно овие три недели. Последните две недели бев речиси луд...можеби еден ден ќе ти кажам за некои од работите што се случија“. Тој се потруди само колку да ги помине последните испити во летото 1924 година со третокласен степен, многу слаб резултат кој го водеше до губење на стипендијата. Ова го спречи да се врати во Оксфорд и да ги заврши деветте семестри кои, според правилникот на Универзитетот, беа неопходни да се завршат пред да му биде даден степен, така тој си замина без степен. Кога се врати во Андерхил тој започна роман, „Светилиштето на Татач“, и работеше на филм заедно со едно од момчињата од Хипокрити, „Црвената Жена“, кој делумно беше снимен во градините на Андерхил. Тој многу време од остатокот од летото го помина во друштво на Алстаир Грахам; потоа откако Грахам замина за Кенија, Во есента замина во Лондон на уметничкото училиште Хитерлис.

Рана кариера

уреди

Воспитувач и писатаел - почетник

уреди

Во започна во Хитерлис на крајот на Септември во 1924 година, но рутината му стана досадна и набрзо го напушти курсот. Тој помина неколку недели забавувајќи се во Лондон и Оксфорд додека не остана без пари и тоа го натера преку агенција да аплицира за работа како професор. Речиси веднаш тој доби работно место во Арнолд Куќата, подготвително училиште за момчиња во Северен Велс, започнувајќи во јануари 1925 година. Тој со себе ги зеде и забелешките за неговиот роман, „Светилиштето на Датч“, со намера дека ќе работи на него во слободното време. Покрај меланхоличната атмосфера во училиштето, Во даде се од себе за да ги задоволи барањата на позицијата која ја имаше, но краткото враќања во Лондон и Окфорд за време на Велигденскиот одмор само го зголеми неговото чувство на изолираност. Во летото 1925 година надворешниот изглед на Во брзо се подобри, со кандитирањето за работа во Писа како секретар на Шкотскиот писател Чарлс Скот Монкриф кој беше ангажиран со англиските преводи на делата на Пруст. Верувајќи дека работата веќе е негова, Во го напушти своето место во Арнолд Куќата. Во меѓувреме ги испрати првите поглавја од романот на Ектон за да ги оцени и да даде критика. Одговорот на Ектон беше ладнокрвен и со презир, така што Во веднаш ја запали скриптата; кратко потоа, пред да замине во Северен Велс, тој доби вести дека работата на Монкриф пропаднала. Овие два неуспеси беа доволни за да размислува за самоубиство. Тој изјавил дека заминал блиску до плажата и оставајќи порака во неговите алишта, тргнал кон морето. Каснувањето од една медуза го предомислила и тој брзо се вратил на брегот. За време на следните две години Во предавал во училишта во Естон Клинтон (од кое бил отпуштен бидејќи пијан сакал да ја заведе управничката на училиштето) и Нотинг Хил во Лондон. Тој како алтернатива го сметаше печатарството или столарскиот занает, и посетуваше вечерни часови за столарство на Холборн Политехниките додека продолжуваше да пишува. Еден краток расказ „Балансот“, напишан во експериментален модернистички стил, стана неговата прва објавена белетристика кога беше вклучена во антологијата на Чапмен и Хал во 1926 година, наречена „Џорџиски приказни“. Еден проширен есеј за „Пред – Рафелитовото братство“ беше скришно испечатено од страна на Алстер Грахам, користејќи го договорот со печатницата Шекспирова Главна Печатница, во Стратфорд – во – Евон каде што тој одеше на пракса како печатар. Ова водеше до потпишување на договор со Дакворт издавачите за целосна биографија на Данте Габриели Розети, која Во ја напиша за време на 1927 година. Тој исто така започна да работи на комичен роман; после работата на неколку привремени наслови романот стана „Одбивање и влошување“. Со откажувањето од учителството тој немаше редовна работа освен еден краток, неуспешен период како репортер во Дневен Експрес во април и Мај 1927 година. Истата година тој ја запозна (најверојатно преку неговиот брат Алек) Ивлин Гарднер и се заљуби во неа, таа беше ќерка на Господарот и Господарката Бургклер.

„Тој – Ивлин“ и „Таа - Ивлин“

уреди

Во декември 1927 година Во и Ивлин Гарднер се свршија, покрај противењето на Господарката Бургклер која мислеше дека Во има недостаток од морал и беше непријатно друштво. Помеѓу нивните пријатели тие брзо станаа познати како „Тој – Ивлин“ и „Таа – Ивлин“. Во тоа време Во беше зависен од четирите фунти кои неделно татко му му ги даваше и некои минимални суми тој заработуваше од прегледувањето книги и од новинарството. Биографијата на Розети беше издадена на еден генерално пријатен прием во април 1928 година. Џ. К. Скваир во „Надгледувачот“ ја пофали елегантноста и остроумноста во книгата; Ектон даде промислено одобрување а романописецката Ребека Вест опиша колку многу таа уживала во книгата. Кога „Одбивање и влошување“ беше завршена, Дакворт даде забелешка за нејзината „непристојност“ , но Чапмен и Хал се согласија да ја издадат. Ова беше доволна за Во и Ивлин Гарднер да почнат со плановите за венчавка. Тие се венчаа во црквата Св. Пол во Портман Сквер, во јуни 1928 година каде што присутни беа само Ектон, Алек Во и пријателката на невестата Пенси Пејкнам. Домот на младиот брачен пар беше во мал стан во Канонбури Сквер, Ислингтон. Првите неколку месеци бракот беше презасенет со беспарица и поради кревкото здравје на Таа – Ивлин кое продолжи да биде такво и во есента. Во Септември 1928 година „Одбивање и влошување“ беше издадена за речиси едногласна цена. До Декември книгата беше во своето трето печатење и Американските права за издавање беа продадени за 500$. По пријатната возбуда од овој успех Во беше задолжен да пишува патописни статии како возврат за бесплатно крстарење по Медитеранот, кое тој и Таа – Ивлин го започнаа во февруари 1929 година како еден задоцнет и проширен меден месец. Патувањето беше прекинато кога Таа – Ивлин добила тешка пневмонија и беше однесена во Британската болница во Порт Сед. Таа закрепна и парот во јуни се врати дома. Во Јули, без предупредување, Таа – Ивлин изјавила дека нивниот заеднички пријател, Џон Хејгејт, е нејзин љубовник. Ова признание го шокира и вџаши Во. Откако обидувањето за смирување не успеа, Во поднесе развод на 3 септември 1929 година. Тие потоа се сретнаа само еднаш, за време на процесот за поништување на бракот неколку години подоцна.

Кристофер Сајкс, човекот кој ја пишувал биографијата на Во, запишал дека после разводот пријателите на Во „виделе или веруваат дека виделе нова суровост и огорченост“ на неговиот изглед. Покрај писмото до Ектон во кое тој напиша дека тој „не знаеше дека возможно да биде толку мизерен и жив“. Во наскоро продолжи со неговиот професионален и социјален живот. Тој го заврши неговиот втор роман „Злобни тела“ и пишуваше членови вклучувајќи и еден за Дејли Меил во кој го опишувал значењето на свадбената церемонија. Помеѓу Септември и Јануари 1930 година, кога романот беше издаден, Во се селел од куќа во куќа кај негови пријатели, рутина која што тој сакаше да ја продолжи како што немаше свој постојан дом за наредните осум години. „Злобни тела“, сатира за паметните млади луѓе од 1920-тите, беше издадена на 19 јануари 1930 година и беше првиот голем успех за Во. Покрај неговиот лажно – библиски наслов, книгата е темна, горчлива, „манифест на разочараноста“, според биограферот Мартин Станард. Како автор со најмногу продавана книга, Во можеше да повеќе да вложува во новинарството. Редовно работеше за „График“, „Таун и Кантри“ и „Харперс Базар“.

Преобратување кон католицизмот

уреди

На 29 септември 1930 година Во беше примен во Романско Католичката црква. Ова го шокираше неговото семејство и ги изненади неговите пријатели, овој потег зе задржал некое време. Иако тој го загуби својот Англицизам во Лансинг и водеше еден нерелигиозен живот во Окфорд, од средината на 1920-тите постојат белешки во неговите дневници кои се однесуваат на религиозни дискусии и редовно одење на црква. На 22 Декември 1925 година Во напишал: „Клауд и јас ја зедовме Одри на вечера и седевме до 7 наутро расправајќи за Романската Црква“. Записот за 20 февруари 1927 година гласи: „Одам да го посетам Отец Андерхил бидејќи сакам да бидам свештеник“. Низ овој период Во беше под влијание на неговата пријателка Оливија Планкет – Грин, која беше преорентирана во 1925 година и за која Во напиша писмо: „Таа ме внесе во црквата“. Тоа беше таа која која го одведе до Отец Мартин Дарси, човекот кој го наговори Во „на непопусливи интелектуални убедувања но со малку емоции“ дека „Христијанското разоткривање е вистинското“. Во 1949 година Во објани дека неговото преориентирање беше проследено од неговото сфаќање дека животот е „неразбирлив и краткотраен без Бога“.

Писател и патник

уреди

На 10 Октомври 1930 година Во, претставувајќи неколку весници, замина за Абсинија за да го следи крунисувањето на Хајл Селаси. Тој настанот го изјави како „обид за елаборатна пропаганда“ за да го убеди светот дека Абсинија е цивилизирана нација, отповикувајќи се на вистината дека императорот ја постигнал моќта со груби средства. Следното патување преку Британските Источно – африкански колонии и Белгиското Конго ја постави основата на две книги; патописот „Далечни луѓе“ (1931год) и комичниот роман „Црното зло“ (1932год). Следното поголемо патување на Во, зимата 1932 – 33 година, беше во Британска Гвијана (сега Гвајана) во Јужна Америка, на кое најверојатно заминал за да се оддалечи од долгата и непотребна страст за светската жена Тереза Џангмен. Со пристигнувањето во Џорџитаун, Во закажа патување по реката покрај испарувањето на водата во внатрешноста. Патем тој застануваше во Боа Виста во Бразил, а потоа по копно пак се врати во Џорџитаун. Неговите многубројни авантури и средби беа основата на две понатамошни книги: за неговото патување кое било „Деведесет и два дена“ и романот „Рака полна прашина“ и двете издадени во 1943 година. Со враќањето во Јужна америка, Во се соочи со обвиненија за безобразност и богохулење во Католичкиот журнал „Таблетот“, кои имаа свој дел во „Црното зло“. Тој се бранеше во едно отворено писмо до Архиепископијата од Весминстер, до Кардиналот Бурн. Во летото 1934 година тој замина на една екпедиција до Спитсберген во Арктикот, едно искуство во кој тој не уживаше и од кое тој имаше минимална литературна корист. На враќањето, одлучен да напише голема Католичка биографија, тој го избра лицемерниот маченик Едмунд Кемпион како негова тема. Книгата, издадена во 1935 година, предизвика контроверзност за неговото директно прокатоличко, антипротестантско гледиште но му донесе Хаторденова награда. Тој се врати во Абисинија во август 1935 година, за да пишува членови за запчнувањето на Втората Италијанско-абисинската војна за веснико „Дејли Меил“. Во, од неговите поранешни посети, ја сметаше Абисинија како „брутално место кое Мусолини добро го контролираше“. Во беше сведок на една мала акција и не беше комплетно сериозен во неговата улога како воен кореспондент. Дидис имаше забелешки за снобството на писателот: „Никој од нас не го измери доволно друштвото кое тој сакаше да го има во неговиот дом“. Меѓутоа, во пресрет на заканувачките Италијански воздушни напади, на Дидис храброста на Во му изгледаше „многу смирувачка“. Во своите искуства од Абисинија ги запиша во книга која се вика „Во Абисинија“ (1936год), која што Роуз Макаулеи ја сметаше како „фашистичка трага“ поради неговиот проиталијански тон во книгата. Социјалниот круг на Во се прошири во 1930-тите, со многу нови познанства меѓу кои беше и Лејди Дијана Купер и нејзиниот сопруг Даф Купер, Ненси Митфорд која беше стара пријателка на Ивлин Гарднер, и сестрите Лигон. Во го познаваше Хах Патрик Лигон од Оксфорд; а сега тој беше запознаен и со девојките и нивната куќа на село, Мадресфилд Корт, кој му стана најблизок за разлика од онаа која ја имаше дома за време на годините на лутање. Во 1993 година, на крстарењето по грчките острови, Отецот Дарси го запознал со Габриел Херберт, најстарата ќерка на Обри Херберт, истражувач. Кога крстарењето заврши Во беше поканет да остане во вилата на семејството Херберт во Портофино, каде што тој беше запознаен со 17 – годишната сестра на Габриел, Лора Херберт.

Втор брак

уреди

Во прифати дека би бил способен повторно да се ожени додека Ивлин Гарднер е сè уште жива. Меѓутоа, тој сакаше жена и деца и во октомври 1933 година започнаа процедурите за поништување на бракот на основа на „недостаток на вистинско согласување“. Случајот се слушна до црковниот трибунал во Лондон, но задоцнувањето во поднесувањето на документите во Рим значеше дека поништувањето не може да се одобри до 4 јули 1936 година. Во меѓувреме, следејќи ја нивната прва средба во Портофино, Во се заљуби во Лора Херберт. Тој и предложи брак, преку писмо, пролетта 1936 година. Во почетокот во семејството Херберт постоеше страв, тоа беше аристократско Католичко семејство; како понатамошна компликација, Лора Харберт беше братучетка на Ивлин Гарднер. И покрај несогласувањата од семејството бракот беше склучен на 17 Април 1937 година. Како свадбен поклон бабата на невестата им купи селска куќа близу Стинчкомби во Глоуцестершир. Нивното прво дете, ќерка, Марија Тереза, се роди на 9 Март 1938 година а потоа имаа и син Оберон Александар, кој се роди на 17 Ноември 1939 година. Помеѓу овие настани, „Ексклузивната вест“ беше издадена во мај 1938 година со широко критичко одобрување. Во Август 1938 година Во заедно со Лора замина на тримесечно патување до Мексико после кое ја напиша книгата „Законски Грабеж“, заснована на неговото искуство таму. Во книгата тој го изнесе јасно своето конзервативно верување; а подоцна ја опиша книгата како справување „малку со патување а повеќе со политички прашања“.

Кралска марина и командос

уреди

Со започнувањето на војната во септември 1939 година, Во го напушти Пјерс Корт и со своето семејство се пресели во Прикстон Парк во Самерсет, селското седиште на семејството Херберт, каде што бараше милитарно вработување. Тој исто така започна роман со нов стил, користејќи раскажување во прво лице. Работата на овој проект заврши кога во декември Во беше примен во Кралската Марина и започна да тренира во морнарската база Четам. Романот никогаш не беше завршен; делови од него беа издадени под наслов „Работата е суспендирана“. Во наскоро беше ставен во секојдневната рутина која му направи да се чувствува „толку вкочанет во ’рбетот што му причинуваше голема болка дури и при земањето пенкало со рака“. Во Април привремено беше унапреден во капетан и му беше дадена команда, но дури после Германската инвазија на Законските држави неговиот баталјон не беше повикан во акција. Неспособноста на Во да се прилагоди на полковничкио живот доведе до набрзо губење на неговата команда и стана Разузнавач на баталјонот. Во оваа улога тој конечно стапи во акција, како дел од силата испратена во Дакар во Западна Африка во август во 1940 година за да го поддржат обидот на Слободните Француски Трупи да го стават Генералот Де Гули како тамошен водич. Попречени од маглата и неинформираноста за големата одбрана на градот, мисијата беше неуспешна и на 26 Септември Британските сили се повлекоа. Во коментираше дека „Пролевањето крв беше избегнато на сметка на честа“. Во Ноември 1940 година Во беше ставен на командна единица и со понатамошниот тренинг тој стана член на „Леј силата“ со бригаден командант Роберт Лејкок. Во Февруари 1941 година единицата исплива на Медитеранот, каде што учествуваше во неуспешен обид за освојување на Бардија, на Либискиот Залив. Во Мај силата беше замолена да помогне во евакуацијата на Крит; Во беше шокиран од нередот, загубата на дисциплината, и како што виде тој, кукавичлакот на заминувачките трупи. Во заобиколеното патување кон дома во јули со брод Во го напиша романот „Ставете повеќе знамиња“, роман од раните месеци на војната напишан во неговиот препознатлив стил од 1930-тите. Во Англија следеше уште повеќе тренирање и чекање, сè додека во мај 1942 Во беше префрлен, со препорака од Лејкок, во Кралските Коњанички чувари. На 10 Јуни 1942 година Лора го роди и четвртото дете, Маргарет.

Фрустрација, Брадсхед и Југославија

уреди

Восхитувањето на Во за неговото преместување наскоро се претвори во разочарување бедејќи тој не успеа да пронајде можности за активна служба. Смртта на неговиот татко на 26 Јуни 1943 година и неопходноста да се справува со семејните проблеми го спречија да замине со неговата бригада за Јужна Африка, како дел од операцијата Хаски. Покрај неговата непоколеблива храброст, неговиот немилитарен и недициплиниран карактер го правеа невработен. После магијата на безработноста во полковништвото во касарната во Виндсор, Во започна со тренирање за падобранство во Татон Парк, каде што се спушти незгодно и се повреди. Опоравувајќи се во Виндсор, тој аплицираше за едно тримесечно неплатено патување за да го напише романот кој се создаваше во неговите мисли. Неговото барање беше одобрено и на 31 јануари 1944 година тој замина за Чагфорд во Дивон, каде што тој можеше да работи во изолација. Резултатот од неговиот труд беше „Враќање во Брајдсхед“, првиот експлицитен „Католички“ роман на Во. Биограферот Даглас Лејн Патеј смета дека: „книгата која што требаше да ја потврди неговата нова смисла за неговата дарба за пишување“. Во успеа да си замине до Јуни 1944 година. Набрзо по неговото враќање на должноста тој беше регрутиран од страна на Рендолф Черчил за да служи во воена мисија во Југославија и на почетокот на Јули одлета заедно со Черчил во Хрватскиот остров Вис. Овде тие се запознаа со Маршалот Тито и со меѓусебна поддршка ја водеа борбата против окупирачките сили. Во и Черчил се вратија во Бари во Италија пред да одлетаат назад во Југославија и да ја започнат нивната мисија, но нивниот авион се сруши и тие двајца беа повредени и беа отсутни еден месец. На крај мисијата пристигна во Топуско, каде што тие се утврдија во една запуштена куќа на фарма. Должностите на групата – посредувањето меѓу Британската армија и Партизаните – беа избледени; во секој настан, Во имаше благонаклонетост кон комунистичко предводените Партизани и презираниот Тито. Неговиот главен интерес беше благосостојбата на Католичката црква во Хрватска, за која тој мислеше дека е под влијание на рацете на Српската православна црква и бе била и полоша кога комунистите ја преземаа контролата. Тој ги искажа овие мисли во долг извештај, „Црквата и Државата во Ослободената Хрватска“. После Дубровник и Рим, Во се врати во Лондон на 15 Март 1945 година да го претстави својот извештај, кој беше забранета од страна на Министерството за надворешни работи кое се залагаше за одржување на добри односи со Тито.

Поствоени години

уреди

Слава и богатство

уреди

„Враќање во Брајдсхед“ беше издадена во Лондон 1945 година. Во беше сигурен за квалитетите на книгата, „ова е повеќе мој прв роман отколку последен“. Тој беше огромен успех, давајќи му слава на писател, богатство и литературен статус. Со овие исходи тој беше многу среќен но неговата главна окупација откако заврши војната беше судбината на големите популации на гркокатолици, западнати во рацете на Сталиновиот Советски Сојуз. Тој сега виде мала разлика во моралот помеѓу воените борци и подоцна го опиша тоа како „загушено влечење од војна меѓу тимовите на нејасните безобразници“. Иако тој имаше моментално задоволство од неуспехот на Черчил и Конзервативците на изборите во јуни 1945 година, тој го виде зголемувањето на моќта на партијата на трудот како триумф врз барбаризмот и почетокот на „Темните години“. Во Септември 1945 година, по напуштањето на армијата, тој се врати во Пиерс Корт со неговото семејство (уште една ќерка, Хариет, која се родила во Прикстон во 1944 година), но повеќето од следните 7 години ги помина во Лондон, или патувајќи. Во Март 1946 година тој ги посети Нурмберг Тријалс и подоцна истата година тој беше во Шпанија поради прослава на 400тата годишнина од смртта на Франциско де Виторија, основачот на Меѓународното Право. Во ги запиша неговите искуства од фрустрациите од поствоениот период во Европа во роман, „Модерната Европа на Скот Кинг“. Во Февруари 1947 година тој ги направи првите неколку патувања во Америка, најпрво бидејќи сакаше да дискутира за снимањето на „Брајдсхед“. Овој проект пропадна, но Во го искористи своето време во Холивуд да ги посети Форест Лон гробиштата, од кои ја презеде основата за неговата сатира за Американската перспектива на смртта, „Саканиот“. Во 1951 година тој ја посети Светата Земја заедно со неговиот иден биографер, Кристофер Сајкс, и во 1953 година тој замина за Гоа за да биде сведок на последното изложување на останките на Св. Францис Ксавиер пред тие да бидат изгорени. Во меѓувреме на неговите патувања Во непрекинато работеше на „Хелена“, еден долго – планиран роман за откривањето на Вистинскиот Крст, „до сега најдобрата книга која сум ја напишал или некогаш ќе напишам“. Неговиот успех со јавноста беше ограничен, иако тој беше, како што неговата ќерка Хариет подоцна рече: „единствената од неговите книги за која се согласил да ја прочита на глас“. Во 1952 година Во ја издаде книгата „Луѓе на раце“, првата негова полу автобиографска воена трилогија, во која тој ги внесе своите лични искуства и средби во раните почетоци на војната. Други книги за време на овој период се „Кога одењето беше добро“ (1946 год), антологија за неговото пишување на предвоеното патување и „Љубoв помеѓу урнатините“ (1953 год), дестописка приказна во која Во го изложува неговиот поглед кон модерниот свет. На 50 години, Во беше стар за неговите години, „делумно глув, ревматичен, раздразлив“, многу зависен од алкохолот и на дроги за да ја намали несоницата и депресијата. Уште две деца му се родија Џејмс (роден 1946год) и Септимус (роден 1950год). Од 1945 година па натаму Во стана алчен колектор на предмети, особено Викторијански слики и мебел. Тој го наполни Пиерс Корт со неговите набавки, најчесто од Лондонскиот Портбело пазар и од распродажбите од куќите. Неговиот запис во дневникот на 30 Август 1946 година содржи посета на Глоучестер каде што тој купи многу дрво, фино изделкано за 25 фунти, исто така и торба за книги за 35 фунти...шрамирачка кинеска слика за 10 фунти. Некои од купените работи беа лукави и ценети; тој плати 10 фунти за „Дух на виножитото“ на Розети за да започне колекција од Викторијанските слики кои тогаш беа од голема вредност. Во исто така започна, од 1949 година, да пишува поучни прегледи и членови на тема сликарство.

Нервен слом

уреди

До 1953 година популарноста на Во како писател опаѓаше. Тој беше гледан како надвор од колосек и големите суми што тој ги бараше повеќе не беа достапни за него. Неговите пари исчезнуваа а напредокот на неговата втора книга за воената трилогија, „Офицери и Џетлмен“ опаѓаше. Делумно поради неговата зависност од дрога, неговото здравје беше многу влошено. Недостатокот на пари го водеше во ноември 1953 година да биде интервјуиран на БиБиСи радиото, каде што разговорот зазема агресивна линија. „тие сакаа да направат будала од мене и мислам дека не можеа целосно да успеат“, и пиша Во на Ненси Митфорд. На почетокот на 1954 година докторите на Во, загрижени поради неговото влошување, советуваа промена на сцената. На 29 Јануари тој се качи на брод и замина за Сејлон, надевјќи се дека ќе биде способен да го заврши својот роман. За неколку дена тој пишуваше дома жалејќи се на „озборувањата од другите патници за мене“ и од гласовите кои се ширеа. Тој го напушти бродот во Египет и одлета на Колумбо но, тој и напиша на Лора за гласовите кои го следеа. Алармирана, Лора побара помош од нејзината пријателка Францес Доналдсон, чијшто сопруг се согласи да одлета во Сејлон и да го донесе Во дома. Всушност Во сам си дојде дома, поради (за сега верувајќи) тоа што бил опседнат со ѓаволи. Кратко медицинско испитување покажа дека Во страдаше од опседнатост од дрогите кои ги користел. Кога му беше сменет лекот гласовите и халуцинациите набрзо исчезнале. Во беше просветлен, информирајќи ги сите негови пријатели дека тој бил луд. Искуството беше полу – функционално и резултираше неколку години подоцна во книгата „Искушението на Гилберт Пинфолд“ (1957 год).

Доцни дела

уреди

Закрепнат со здравјето, Во се врат на работата и ја заврши „Офицери и џентлмен“. Во Јуни 1955 година новинарката и прегледувач на Дејли Експрес, Ненси Сеин, придружувана од нејзиниот пријател Господарот Ноел Бакстон, пристигнаа непоканети во Пиерс Корт и побараа интервју. Во го виде парот и напиша изопачена сметка за „Набљудувачот“, но тој беше фатен во тесно од инцидентот и одличи да го продаде Пиерс Корт; „Мислам дека е загаден“, и рече тој на Ненси Митфорд. Подоцна во 1956 година семејството се пресели во големата куќа во Сомерсет селото во Комби Флореи. Еден весник објави член од Шпанија, велејќи дека продажбата на книгите на Во е многу пониска отколку што беше порано и неговата вредност како новинар беше ниска. Пинфолд беше објавена во летото 1957 година, која што Во ја нарекуваше „мојата будалеста книга“. Опсегот во којшто приказната е повеќе само – исмевање на не вистинита афтобиографија стана предмет на критичка дебата. Следната голема книга на Во бее биографијата на својот долгогодишен пријател, Католичкиот писател и теолог Фр. Роналд Накс, кој умрел во август 1957 година. Истражувањето и пишувањето се продолжи на повеќе од две години, за кое време Во направи друго мало дело, третиот дел од неговата воена трилогија. Во Јуни 1958 година неговиот син Оберон беше погоден во акцидент на пукање додека и служел на армијата во Кипар. Во остана рамнодушен; тој не отиде во Кипар, ниту пак веднаш го посето Оберон кога се вратил во англија. Критичарот и литературен биографер дејвид Вајкс го нарекува Во „чуден“ и прифаќањето на семејството на неговото однесување итн. Иако повеќето од книгите на Во добро се продавале и добро е награден за неговото новинарство, неговите нивоа на потрошувачка значеа проблеми со пари и даночни сметки во иднина. Во 1950 година, како средство за избегнување на данок, тој направил фонд за своите деца (го нарекол „заштеда за фондот на децата“) во кој тој ставил почетен аванс и сите негови идни авторски права од Пенгвин додатоци на неговите книги. Тој беше способен ги зголемува неговите лични финансии со заложување на работите од домаќинството или со продавање на работите кои тој ги поседувал. До 1960 година недостатокот од пари го натера да се согласи за едно интервју на БиБиСи телевизијата, во серијата Очи во Очи спроведувана од Џон Фримен. Интервјуто беше емитубано на 26 Јуни 1960 година; според неговиот биографер Селена Хастингс, Во го контролираше неговото инстиктивно непријателство и ладен одговараше на прашањата поставувани од Фримен. Во 1960 година Во ја одби поканата од ЦБИ, верувајќи дека тој треба да биде претставен како витез. Во Септември тој ја напиша неговиот последен патопис „Турист во Африка“, заснована на една посета од јануари до Март 1959 година. Тој уживаше во патувањето но ја „презираше“ книгата. Критичарот Кирил Коноли го нарече тоа „најмалото парче книга кое г-дин Во го напишал“. Кога беше готова таа книга тој работеше на воените романи, кои беа објавени во 1961 година како „Безусловно предавање“.

Одбивање и смрт

уреди

Како што ги помина шеесеттите години, Во беше со кревко здравје, со предстаросни години „дебел, глув, со недостаток на воздух“ според Патеи. Биограферот Мартин Станард го спореди неговиот изглед со оној на „изморен дивјак придружуван со пијачка“. Во 1962 Во започна да работи на својата автобиографија и истата таа година ја напиша неговата последна басна, приказната „Базил Сиал јава повторно“. Ова обновување на главниот протагонист „Ставете повеќе знамиња“ беше издадено во 1963 година; Набавката на Тајмс Библиотеката ја нарече „мала безобразна книга“. Кога првиот дел од автобиографијата, „Малку учење“, беше издаден во 1964 година нејзиниот зависен тон и дискретната промена на имиња осигура дека пријателите го избегнувале засрамувањето од кое некои се плашеле. Во го поздравил доаѓањето на Папата Јован XIII во 1958 година и пишуваше во чест на луѓето кои умреле во 1963 година. Меѓутао, тој многу се загрижил од одлуките кои биле донесени од страна на Вториот Ватикански Совет, предводен од Папата Џон во октомври 1962 година и продолжи под неговиот наследник до 1965 година. Во, голем противник на црковнта реформа, беше делумно вознемирен со замената на универзалната Латинска Богослужба со домашната. Во член во „Набљудувачот“ на 23 Ноември 1962 година тој расправаше за случајот против промената на начин опишан во коментарно писмо како „остра разумност“. Тој и пиша на Ненси Митфорд дека „зафркнувањето на Црквата е голема жалост за мене...Ние пишуваме писма на хартија“. Во 1965 година нова финансиска криза се појави од ненадејна грешка во „Штедење за децата“, каде што голема сума за плаќање данок му беше побарана. Агентот на Во, Питерс, преговараше за спогодба со властите за данокот за некоја попристојна сума, но за негово изненадување, за Во да ги генерира средствата имаше потпишано договори за да напише неколку книги, вклучувајќи и историја на папството, илустративна книга за витезите и втор дел од својата афтобиографија. Физичкото и менталното нарушување на Во го спречија во создавањето на овие дела и договорите беа откажани. Тој самиот себе се опиша како „штрб, глув, меланхоличен, неспособен за јадење, полн со дрога, доста бескорисен“ и го искажа верувањето дека „сите судбини се полоши од смртта“. Неговата единствена значајна литературна активност во 1965 година беше уредувањето на трите воени романи во еден том, издаден како „Заколнати во чест“. На Велигден, 10 Април 1966 година, по проследувањето на Латинската Богослужба во соседното село зедно со членовите на неговото семејство, Во ненадејно умре од срцев удар во неговиот дом во Комби Флореи. Тој беше кремиран, со специјална подготовка, во посветениот дел надвор од Англиските гробишта во Комби Флореи. Реквиемска Богослужба, на Латински, беше одржана во Вестминстерската опатија на 21 април 1966 година.

Наводи

уреди
  1. Stannard, Vol. I p. 203–04

Извори

уреди
  • Amory, Mark, уред. (1995). The Letters of Evelyn Waugh. London: Phoenix. ISBN 1-85799-245-8. (Originally published by Weidenfeld and Nicolson, London 1980)
  • Cooper, Artemis, уред. (1991). Mr Wu and Mrs Stitch: The Letters if Evelyn Waugh and Diana Cooper. London: Hodder & Stoughton. ISBN 0-340-53488-5.
  • Byrne, Paula (2010). Mad World: Evelyn Waugh and the secrets of Brideshead. London: Harper Press. ISBN 978-0-00-724377-8.
  • Carpenter, Humphrey (1989). The Brideshead Generation: Evelyn Waugh and his Friends. London: Weidenfeld and Nicolson. ISBN 0-297-79320-9.
  • Davie, Michael, уред. (1976). The Diaries of Evelyn Waugh. London: Weidenfeld and Nicolson. ISBN 0-297-77126-4.
  • Deedes, William (2003). At War with Waugh. London: Macmillan. ISBN 1-4050-0573-4.
  • Donaldson, Frances (1967). Evelyn Waugh: Portrait of a Country Neighbour. London: Weidenfeld and Nicolson. ISBN 0-297-78776-4.
  • Gallagher, Donat, уред. (1983). The Essays, Articles and Reviews of Evelyn Waugh. London: Methuen. ISBN 0-413-50370-4.
  • Hastings, Selina (1994). Evelyn Waugh: A biography. London: Sinclair-Stevenson. ISBN 1-85619-223-7.
  • Hollis, Christopher (1971). Evelyn Waugh. Longmans. ISBN 0-582-01046-2.
  • James, Clive (2007). Cultural Amnesia. London: Picador. ISBN 978-0-330-41886-7.
  • Lees-Milne, James (1985). Ancestral Voices. London: Faber & Faber. ISBN 0-571-13325-8. (Originally published by Chatto & Windus, London 1976)
  • Patey, Douglas Lane (1998). The Life of Evelyn Waugh. Oxford, UK: Blackwell. ISBN 0-631-18933-5.
  • Slater, Ann Pasternak Slater (ed) (1998). Evelyn Waugh: The Complete Short Stories (Introduction). London: Everyman's. ISBN 1-857515-190-9 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Stannard, Martin (1993). Evelyn Waugh, Volume I: The Early Years 1903–1939. London: Flamingo. ISBN 0-586-08678-1.
  • Stannard, Martin (1993). Evelyn Waugh, Volume II: No Abiding City 1939–1966. London: Flamingo. ISBN 0-586-08680-3.
  • Stannard, Martin (1984). Evelyn Waugh: The Critical Heritage. London: Routledge. ISBN 0-415-15924 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  • Sykes, Christopher (1975). Evelyn Waugh: A biography. London: Collins. ISBN 0-00-211202-7.
  • Waugh, Auberon (1991). Will This Do?. London: Century. ISBN 0-7126-3733-8.
  • Waugh, Evelyn (1983). A Little Learning. Harmondsworth, UK: Penguin Books. ISBN 0-14-00-6604-7. (Originally published by Chapman and Hall, 1964)
  • Wykes, David (1999). Evelyn Waugh: A Literary Life. London: Macmillan. ISBN 0-333-61138-1.

Литература

уреди
  • Ker, Ian Turnbull (2003), The Catholic Revival in English Literature (1845-1961). Newman, Hopkins, Belloc, Chesterton, Greene, Waugh. Notre Dame (Indiana): University of Notre Dame Press, pp. 149–202. (And also: Leominster [Herefordshire, UK]: Gracewing, 2004).

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: